Контакт

Македонија

Наутро со појава на магла во котлините, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Објавено пред

Времето денеска, наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег ќе започне од петок попладне кога врнежите во најголемиот дел од земјата ќе бидат од дожд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вештачења, распити и анализи за обезбедување докази: обвинителите ја продолжуваат истрагата за трагедијата во Кочани

Објавено пред

Јавните обвинители од тимот што ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката во Кочани континуирано преземаат повеќе истражни дејства за обезбедување докази, информираат денеска од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Такви дејства, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе институции, се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментот да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Објавено пред

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани лица за земаат плата од 500 евра доколку веднаш во Собранието се изгласа измена со која и минималната ќе се зголеми на 500 евра. Предлогот Трендафилов го даде како одговор на нападите дека синдикалните лидери од ССМ земаат високи плати на грбот на работниците во пресрет на утрешниот протест за зголемување на минималната плата.

dobivaj vesti na viber

„Јас како претседател на ССМ им подавам рака на сите избрани и именувани лица во Македонија, 1.080 мислам дека беа на број, од утре мојата и нивната плата да ни биде 500 евра, но заедно да изгласаат закон за измени и дополнувања на Законот за минималната плата и работниците да добијат 500 евра минимална плата. Јас и тие една година ќе примаме минимална плата од 500 евра и немам никаков проблем со тоа. Ги повикувам следниот пат текстот што ќе го внесат во идиотот и кога ќе читаат од него да прочитаат дека тие се согласни цела Влада, цел парламент, сите избрани и именувани лица, директори, шефови, раководители и што ли уште не, кои се ‘ухлебани’ на државна сметка цел живот, да примаме 500 евра минимална плата колку што ќе примаат речиси 200.000 работници во Македонија“, рече Трендафилов.

Особено се обрати до пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференции зборува за платата на синдикалните претставници и побара исправка.

„Го повикувам од неговата плата да ми даде дел за да ми ги надополни овие 15.000 денари што ги немам и секој месец да имам 75.000 денари за да не лаже“, рече Трендафилов, кој објасни дека неговата плата е 60.000 денари, обезбедени од членарината на работниците во синдикатите, и нагласи дека на ист начин ќе се борел за минимална плата од 500 евра и кога неговата би изнесувала 300.000 денари.

ССМ извести дека протестот закажан за утре, кој ќе претставува јавна седница на највисоките синдикални тела, ќе почне во 12.05 часот. На улица ќе излезат 300 члена на највисокото раководство на ССМ, а добредојдени се и работниците.

„Јавната седница ќе биде отворена пред ССМ и ќе продолжи пред парламентот, каде што ќе им порачаме на пратениците дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Ќе продолжиме пред Стопанската комора, каде што ќе порачаме дека подадената рака од работникот денес може многу лесно да стане стисната тупаница утре. Ќе завршиме пред Владата, каде што ќе им порачаме на владините функционери дека не може да се одлучува за работниците беа работниците“, најави претседателот на ССМ, Трендафилов.

Преку утрешната јавна седница ССМ сака да го изрази незадоволството од политиките што ги води Владата за кои сметаат дека се во погрешна насока и на штета на работниците. Барањата се 500 евра минимална плата и зголемување 100 евра на сите други плати.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Објавено пред

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се во комуникација со подземните наркокланови. Имаме сериозни причини да прашаме: Дали сме сведоци на целосна криминализација на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од Христијан Мицкоски, прашува Миле Талески, пратеник од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Фактите, како што вели, се загрижувачки и алармантни.

„Ангел Самараков, човек од најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, е фатен како одава доверливи информации на лица од скопската населба Грчец – средина добро позната по активностите на организираниот криминал. Самараков не е случаен обезбедувач што се нашол до премиерот. Тој е лојален партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата сопруга е вработена во Општина Велес и беше кандидат за советник на локалните избори – исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова значи дека се работи за човек од најблискиот круг на доверба на Мицкоски. А ова не е изолиран случај“.

Според него, пред само неколку месеци шефот на обезбедувањето на премиерот нападнал полицаец, кој бил на должност за време на акција за борба против дрога. Се обидел да ја спречи полицијата во претрес во скопски локал, случај за кој јавноста дозна, како што вели, само откога медиумите го објавија, па не можеше да се крие.

„Два инцидента, двајца блиски луѓе до Мицкоски и два обида од МВР да се прикрие скандалот. Двапати вистината излезе на виделина само благодарение на медиумски притисок“.

Од неговата партија прашуваат зошто луѓето од доверба на премиерот имаат соработка со подземјето.

„Дали ова е случајна состојба или организирана шема? Дали веќе не зборуваме за Влада, туку за структура длабоко поврзана со криминални мрежи? И клучното прашање: Како обезбедувачот имал такви документи, кој му ги дал доверливите информации? Кој друг е вклучен во скандалот од МВР? Само една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, државата се соочува со бранот најсериозни криминални инциденти и улични пресметки во последната деценија“, констатира тој.

Според Талески, дали државата ја води Владата или криминалното подземје преку луѓето на Мицкоски?

Ова, оценува, не е политички напад, туку аларм.

„Ако премиерот на една држава се опкружува со луѓе што ја саботираат полицијата и им пренесуваат тајни на криминалци – тогаш прашањето е: кој навистина ја води државата?“

СДСМ бара итна и целосна истрага. Бараат политичка и институционална одговорност и граѓаните да знаат што се случува зад затворените врати на оваа власт.

„Ова не е борба за власт. Ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна или заробена од мафијата“, напоменува Талески.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија1 час

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет3 часа

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија4 часа

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија5 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион6 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија6 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет7 часа

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет8 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет8 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион9 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт20 часа

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт20 часа

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...

Македонија1 ден

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет1 ден

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија1 ден

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет1 ден

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија1 ден

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...