Контакт

Македонија

Без струја делови од неколку скопски општини

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), без напојување со електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците во населените места: Мирковци, Банјани, Горњани и Чучер. (Општина Чучер Сандево)

· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Дрма. (Општина Гази Баба)

· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Франц Прешерн. (Општина Карпош)

· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Сарај (на излезот кон с. Глумово). (Општина Сарај)

Македонија

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе

Објавено пред

Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски вели дека регулаторите првпат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4 проценти.  Марко Бисломоски.

dobivaj vesti na viber

„Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 %. Првиот блок за 0,68 %, вториот блок за 0,9 %, третиот блок 1,93 % , четвртиот блок 2,24 % и евтината тарифа за 0,9 %. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка од, да речеме, 2300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар“, рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.

За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, мрежарината за сите е 2,14, односно вкупната цена на струјата во првиот блок е 6,5865 денари за киловат час. Претходно изнесувала 6,53 денари.

Цената на струјата во вториот блок, збирно енергија и мрежарина, е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7, 64 денари.

Цената на електричната енергија во третиот блок е 9, 57 денари, а претходно изнесувала 9,39 денари.

Цената на електричната енергија во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари.

Цената на струјата во евтината тарифа изнесува 4,12 денари. Претходно изнесувала 4,08 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) МВР со детали за акцијата во Арачиново: пронајдено оружје

Објавено пред

Утрово околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Пронајденото, како што појаснија надлежните, е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски – мора да се почитува пресумција на невиност, оценуваат од СДСМ

Објавено пред

Сакам да изразам крајно разочарување од тоа каква конфузија се направи во јавноста во однос на екс премиерот Ковачевски кој беше осуден од јавноста и медиумите, додека во реалноста Јавното Обивинителство се уште нема оформено предмет. Според она што досега го дознавме од ЈО се уште нема постапка туку само кривична пријава која допрва ќе видиме дали е основана. Според ЈО станува збор за сосема друг период и друг случај кој очигледно е различен од овој на Груби и Бајрами. Тошковски со своите изјави очигледно намерно се обиде да го вметне и Ковачевски со Груби и Бајрами во истиот предмет. Тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ, политичко етикетирање преку институциите на прогонот, истакна на прес-конференција Мартин Костоски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Но ова не треба да не чуди затоа што ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за политички реаншизам од првиот ден. Се врши страшна партизација на клучните безбедносни и правосудни институции. За само шест месеци имаме целосно поклопување и преземање на АНБ, масовна партизација во полицијата и назначување на партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ во независниот граѓански надзор на комуникациите. Имаме поставување на судија во судскиот совет која е сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и уште еден кој е братучед на Изет Меџити. Ова јасно укажува дека ВМРО-ДПМНЕ со оваа партизација ќе води и партиски истраги и хајки против поранешни функционери“, оценува Костоски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што рече, јасно и принципиелно кажа дека ги поддржува сите независни и професионални истраги против било кои поранешни и сегашни функционери.

„Бараме надлежните институции да ги извршат своите обврски непристрасно и темелно, со што ќе се открие вистината. Потсетуваме дека секој функционер, без разлика на својата позиција или партиска припадност, има право на правична постапка и се смета за невин сè додека не се докаже спротивното. Секој обид за политизација или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста. Ги повикуваме сите засегнати страни, вклучително и медиумите, да го почитуваат истражниот процес и пресумпцијата на невиност“, истакна Костоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе

Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за...

Македонија1 час

(Видео) МВР со детали за акцијата во Арачиново: пронајдено оружје

Утрово околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при...

Македонија2 часа

Не отворајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во имејл-пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица, апелира МВР

Во врска со зголемениот број измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во...

Македонија2 часа

Распишани меѓународните потерници по Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи ги распиша меѓународните потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами....

Македонија2 часа

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека...

Македонија3 часа

Борисов: Во Брисел се одвиваа процеси за Северна Македонија, губиме време, мора да застанеме цврсто зад ставот и да формираме влада

Јас сум оптимист за формирање влада бидејќи она што го гледам на меѓународен план само нè обврзува како народ, како држава,...

Македонија3 часа

Истрага за обид за убиство во Скопје: пукал кон жртвата, но не ја погодил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија4 часа

(Видео) Голема акција во Битола и Ресен, запленети 780 килограми тутун, три лица ќе одговараат кривично

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780...

Македонија4 часа

Артан Груби да се врати во Македонија и да си докаже пред судот колку е чист како солза, како што самиот тврди, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името...

Регион6 часа

Вучиќ ги повика Србите да ѝ се приклучат на војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги повика своите сограѓани да ѝ се приклучат на војската на Србија, наведувајќи дека платите...

Европа7 часа

Зеленски бара распоредување западни мировни трупи во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека на денешната средба на европските лидери во Брисел може да се разговара за...

Македонија7 часа

Мицкоски на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба...

Македонија17 часа

Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Македонија18 часа

Притвор од 30 дена за Артан Груби и за Прпарим Бајрами

Скопскиот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Прпарим Бајрами. „По добиено известие од...

Македонија19 часа

Секој што згрешил мора да одговара, никој не е над законот: Meџити за случајот со Државна лотарија

Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за...

Македонија20 часа

Арсовска за проблемите во градот : Кризите се политички мотивирани

Кризите се политички мотивирани, одговори градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прашањето кај кого е вината за проблемот со јавниот...

Македонија21 час

МВР ја образложи кривичната пријава за Ковачевски – овозможил Лотарија да приредува игри на среќа без лиценца

МВР образложи зошто поднело кривична пријава и за експремиерот Димитар Ковачевски, како и за генералниот секкретар во Владата, Методија Димовски,...

Македонија23 часа

Терористичката организација oд Гостивар планирала напади во Македонија за новогодишните празници, соопшти МВР

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три од Гостивар и едно од Струга, за терористичката организација по...

Македонија24 часа

Инспекции го тресат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, се истражува смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје...

Регион1 ден

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за...