Свет
Најмалку 25 загинати при превртување брод во Конго, има и исчезнати
Најмалку 25 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, на реката Фими во Демократска Република Конго кога се преврте брод. Локалните власти соопштија дека бродот се превртел поради преоптоварување, а десетици од нив се уште се водат како исчезнати во оваа трагедија. Се верува дека на бродот имало повеќе од 100 патници откако испловил од градот Инонго, североисточно од Киншаса, главниот град на ДР Конго.
„Товарот дојде на ниво на покривот, и поради луѓето и поради стоката на самиот брод. Досега од реката се извлечени најмалку 25 безживотни тела“, изјави Дејвид Калемба, комесар за реката на Инонго додавајќи дека потрагата по исчезнатите се уште е во тек.
Несреќата што се случи е веќе четврта во текот на 2024 година во овој регион каде многумина се потпираат на речен сообраќај. Дури 80 луѓе го загубија животот во трагедија во текот на јуни, во несреќа што се случи во близина на Киншаса, додека во октомври имаше несреќа со 78 загинати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Градоначалникот на Белград: Од Нова година воведуваме бесплатен превоз за сите
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година, пренесува „Н1 Србија“.
„Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Тоа значи дека веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни, годишни или попуст билети. Со оваа социјална мерка Белград станува единствениот град во Европа со повеќе од половина милион население којшто има бесплатен превоз“, рече Шапиќ на прес-конференција.
„До крајот на 2025 година на улиците нема да има автобус постар од две години, а дури и оние кои се стари две или две и пол години ќе бидат само тие што ги купивме на крајот на 2022 година“, рече Шапиќ.
Тој додаде дека првиот од 25. трамваи што ги купи Градот од турската компанија Бозанкаја ќе почне да пристигнува следната година.
„И до крајот на 2027 година си поставивме задача да обезбедиме средства за сите тролејбуси, тоа се 100 тролејбуси и овие други 100 трамваи или 120 трамваи и да ги купиме. Ќе видиме дали ќе биде преку јавно-приватно партнерства, ако нешто ќе направиме.
„Треба да го обезбедиме тоа што е најважно да добиеме нови возила што е можно побрзо на најприфатлив начин“, рече тој.
Регион
Падна автобуска постојка во Нови Сад, нема повредени
Постојката за градски автобуси денеска утрото падна на Булевар Европа во Нови Сад, а нема повредени, јавуваат локални медиуми.
Како што објави локалниот портал „021“, повикувајќи фотографии од очевидци, целосно паднала постојката со настрешницата на кружниот тек на раскрсницата Булевар Европа.
FOTO Palo autobusko stajalište na Bulevaru Evrope: Ekspresno uklonjeni ostaci https://t.co/lnLPIsfnRg
— Radio 021 (@Radio021) December 18, 2024
На подот се гледаат големо количество стакло и други остатоци од настрешницата, стои во написите.
Остатоците од постојката беа брзо отстранети, конструкцијата беше откорната од бетонот, додека парчиња стакло беа расфрлени околу постојката.
Свет
Русија ја обвинува Украина за тероризам
Кремљ денеска ја обвини Украина дека извршила терористички напад со убиство на рускиот генерал и неговиот помошник во Москва, што е прва изјава за експлозијата, пишува „Москов тајмс“.
„Сега е очигледно кој го наредил овој терористички напад“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќе од 24 часа по нападот, за кој Украина ја презеде одговорноста.
Генерал полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), беше убиен заедно со неговиот помошник вчера рано наутро откако експлозивна направа беше активирана пред неговиот стан во Москва.
„Уште еднаш е потврдено дека режимот во Киев не бега од терористичките методи“, изјави Песков за новинарите.
Руските истражители денеска објавија дека уапсиле осомничен обвинет за тероризам, кој наводно тврдел дека бил регрутиран од украинските специјални служби. Песков ги пофали руските безбедносни служби и агенциите за спроведување на законот за нивната брза и ефикасна работа.
Украинската безбедносна служба СБУ ја презеде одговорноста за, како што ја нарече, специјалната операција против воениот злосторник Кирилов. Еден ден пред неговата смрт, Украина поднесе кривична пријава против Кирилов за употреба на забрането хемиско оружје за време на руската инвазија.
Песков рече дека смртта на Кирилов служела како доказ дека Москва била во право што започнала инвазија на Украина во 2022 година, потег што беше широко осуден од меѓународната заедница и што ја направи Русија една од најсанкционираните земји во светот.