Спорт
(Видео) Милвоки Бакс го освои НБА-купот
Кошаркарите на Милвоки Бакс ја освоија титулата во НБА купот, во финалето во Лас Вегас славеа над со 97:81.
Милвоки го реши натпреварот на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, кога со серијата 19:5 стекна недостижна предност од 19 поени (88:69).
Бакс до победата со трипл дабл од 26 поени, 19 скока, 10 асистенции, три блокади и две украдени топки ги предводеше Јани Адетокумбо. Демијан Лилард додаде 23 поени и по четири скока и асистенции. Лопез (девет скокови) и Гери Трент Јуниор постигнаа 13 поени
Најефикасен кај Оклахома беше Шеј Гилџис-Александер со 21 поен, Џејлен Вилијамс постигна 18 поени, додека дабл-дабл учинок забележа германскиот кошаркар Ајзеја Харенштајн, 16 поени и 12 уловени топки.
Секој играч на Милвоки ќе добие 514.971 долари како награда за освојување на титулата, додека финалистите на НБА Купот ќе добијат по 205.988 долари.
Лос Анџелес Лејкерс ја освоија титулата на минатогодишното инаугуративно издание на НБА Купот.
Финалето на НБА Купот не се смета за регуларниот дел од сезоната на НБА. Оклахома е на првото место во Западната конференција со 20 победи и пет порази, а Милвоки е на петтото место во Источната конференција со 14 победи и 11 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

