Контакт

Економија

„Алкалоид“ АД Скопје со четири признанија: најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, акција на годината и добри ESG-практики

Објавено пред

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, АЛКАЛОИД АД Скопје ги доби престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12-ти пат и со тоа ја потврдува посветеноста на АЛКАЛОИД АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување. Транспарентноста во работењето и квалитетната комуникација со сите засегнати страни – инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста – се основните вредности кои доследно ги негува компанијата.

Наградите ја одразуваат решителноста на АЛКАЛОИД за одговорно работење, како и успешната имплементација на моделот за одржлив раст и развој. Наградата за добри ESG-практики е значајно признание за успешната имплементација на ESG-стандардите во работењето и за нивната интеграција во деловните стратегии, како и доказ за довербата која ја имаат сите засегнати страни во компанијата, а која ја мотивира да продолжи со постигнување врвни резултати и со создавање долгорочна вредност за инвеститорите, заедницата и за идните генерации.

Посветен на јасна предвидливост и на високи перформанси АЛКАЛОИД АД Скопје ќе продолжи да ги зајакнува овие принципи во годините што следуваат, останувајќи лидер во деловната етика и во корпоративната одговорност.

ПР

Економија

„Министерке, сте пазареле ли деновиве, зејтинот е поскап од октомври“ – според Митрески, владините мерки се за мачкање очи

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, поврзано со егзистенцијата на граѓаните, зголемувањето на трошоците за живот, како и зошто не сака да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храна.

dobivaj vesti na viber

Mитрески рече дека обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи, од во ден во ден станува луксуз. Од друга страна, според него, наместо мерки за реално пониски цени на прехранбените производи, Владата донела мерки за мачкање очи, кои ги нарече чист популизам.

„Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега новогодишна. Помпезно ги најавивте и двете … со ПР кампањи во маркетите. Ама цените не се намалија. И да потенцирам, и двете мерки ги донесовте на ист начин. Прво им оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија во сила. Се прашувам, дали Вие министерке и вашиот премиер Мицковски, сте свесни дека на овој начин им овозможивте на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Вие си поигрувате со егзистенцијата на граѓаните! Многу е проста проверката на ефектите на терен и многу е јасно за кого биле мерките. За граѓаните, сигурно не. После првата есенската кошничка, голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистиката го регистрираше тоа, раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, и раст на цените на мало од 4 отсто“, рече Митрески.

Со втората, новогодишната кошничка, како што рече, направена е нова класична измама за граѓаните.

„Дозволивте трговците да ги покачат цените па сега наводно да ги намалуваат. Без притоа да има механизам за контрола и казна.
Вие класично манипулирате и ги потценувате граѓаните, за да го прикрете вистинскиот проблем за кој оигледно немате решение, а тоа е покачувањето на цените на производите“, додаде.

Митрески ја праша министерката дали била да пазари во продавница или маркет овие денови и дали е запознаена дека повторно има иста ситуација како со есенската кошничка. Дел од производите се намалени по денар, или по два, три денара, дел воопшто не се намалени, а цените на некои производи дури и се зголемени.

„Еве јас синоќа бев во еден маркет. Цената на зејтинот, од различни компании, за 1 литар се движи од 92 до дури 98 денари. А на први октомври цената била 83 денари. Каква мерка, какво намалување, зголемување има. Мешано сирење 459 денари, иста цена, непроменета. Кај кравјото сирење, има намалување од замислете само 5 денари и сега се продава по цена од 398 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост се покачи цената минатиот месец сега се намали и дојде исто и во овој маркет се продаваше за 69 денари а во некои маркети и над 72 денари се продава. Значи, тоа е реалноста за измамата којашто граѓаните ја гледаат секој ден во продавниците“, рече Митрески.

Тој заклучи дека со овие цени, кошничките на граѓаните за новогодишните празници ќе останат празни.

 

Прикажи повеќе...

Економија

5 милиони евра од ЕУ за фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Објавено пред

Денес во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ потпишаа договор за грант – донација од Европската унија, за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати.

dobivaj vesti na viber

Настанот, се одржа во присуство на министерката за енергетика Сања Божиновска, амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, претставникот на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу и генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, кои се потписници на договорот со кој се означи официјалниот почеток на овие проекти од клучно значење за енергетската транзиција на Република Северна Македонија.

Со овие два проекти, ќе се произведуваат околу 46 гигават-часови електрична енергија годишно, што ќе ги задоволи потребите на над 7.000 домаќинства, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид за 40.000 тони годишно.

„Овие фотонапонски електрани ќе придонесат за енергетската сигурност на нашата земја и ќе ги задоволат потребите на над 7.000 домаќинства. Енергетската транзиција е визија за иднина во која ќе имаме чиста енергија, здрава животна средина и економски просперитет. Реализацијата на овие проекти ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за околу 40.000 тони годишно и ќе овозможи рекултивација на 45 хектари земјиште во кругот на РЕК Битола и на РЕК Осломеј што директно ќе влијае кон поздрава животна средина за Битола, Кичево и нивната околина“ истакна министерката Божиновска.

Грантот е во висина од речиси 5 милиони евра и го надополнува претходно потпишаниот заем од 25 милиони евра од ЕБОР за развој и изградба на електрани од 30 мегавати во Осломеј и Битола, со што повторно се покажува дека Европската Унија и ЕБОР се еден од најсилните партнери во енергетската транзиција на земјава.

„Повеќе пари ширум светот сега одат во фото-електрани и соларна енергија отколку во сите други технологии за производство на електрична енергија заедно. А овој тренд се гледа и со заложбата на ЕУ за поддршка на АД ЕСМ, со преку 30 милиони евра грантови за финансирање за проекти од ветер, хидро и соларната енергија. Можностите за инвестирање се зголемуваат гледајќи го природниот потенцијал на земјата. ЕУ и нејзините партнери ќе продолжат да го поддржуваат патот на Северна Македонија кон декарбонизација, обезбедувајќи диверзификација и безбедност на нејзините енергетски резерви“, изјави амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас.

„Проектот е доказ за континуираната поддршка на декарбонизацијата на енергетскиот сектор во земјата. Тоа е одличен пример како да се обезбеди алтернативно и одржливо користење на локациите за ископ на јаглен до старите и загадувачки термоелектрани. Со задоволство гледаме дека владата и приватниот сектор ги зголемуваат инвестициите во сончевата енергија и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно“, изјави претставникот на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу.

Проектите се очекува да бидат завршени до 2026 година, а нивната реализација ќе придонесе за развој на локалните економии и отворање нови работни места.

„Овие проекти освен енергетски – ќе донесат и социјално-економски и еколошки придобивки. Самата изградба на електраните ќе придонесе за развивање на локалната економија преку разни активности на локалните фирми, а по целосната реализација на проектите би се отворила можност за нови вработувања“, рече Лазо Узунчев по потпишувањето на договорот.

Владата и Министерството за финансии ја препознаа важноста од спроведување на овој проект и затоа дадоа поддршка преку издавање гаранција за намирување на обврските и исполнување на одредбите од Договорот за заем со ЕБОР за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, во износ од 25 милиони евра. Министерството за европски прашања и секретаријатот на Националниот ИПА координатор се задолжени за координација на Инструментот на Инвестициска рамка за Западен Балкан од каде е одобрен грантот за овој проект.

„Нашата земја потврди дека знае да ги искористи фондовите достапни од 2009 година преку Инвестициската рамка за Западен Балакан. Близу 500 милиони евра се добиени во форма на грантови за вкупна вредност на инвестиции од 3 милијарди евра за проекти од областа на енергетика, но и транспорт, животна средина, човечки капитал и дигитализација. Сега имаме нова рамка преку Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст да инвестираме во проекти во енергетика кои ќе бидат нашиот генерациски придонес кон зелената иднина на земјата“ посочи Евгенија Кирковска, раководител на сектор за координација на ЕУ-фондови во Министерство за Европски прашања

Фотонапонските електрани ќе бидат проектирани и изградени од најкомпетитивниот понудувач, во согласност со највисоките европски и светски стандарди.

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши: Исплатена финансиската поддршка за малите и средните претпријатија и занаетчиите

Објавено пред

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги додели решенијата за субвенции за мали и средни претпријатија и занаетчии врз основа на објавените јавни повици по мерките од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Еден од приоритетите на Министерството за економија и труд е развојот и поддршката на микро, малите и средни претпријатија и занаетчии, па во таа насока континуирано се планираат и реализираат мерки со кои се потпомага нивниот раст и се подобрува нивната конкурентност. И оваа година, Министерството за економија и труд, во рамки на програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 реализираше две мерки. Едната се однесуваше за финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 57.000.000 денари, и за субвенционирање на трошоци на занаетчии во вкупен износ од 6.500.000 денари.

За реализација на овие мерки Министерството за економија и труд објави јавни повици во кои беа дефинирани условите за учество и потребните документи за аплицирање“ кажа Дурмиши.

Предмет на јавниот повик беше субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија кои вработуваат најмалку две лица, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, настанати во текот на 2023 и 2024 година а направени за набавка на нови машини, но не повеќе од 350.000 денари по барател.

За претпријатијата во сопственост и управувани од жена имаше олеснителен критериум, односно да вработува најмалку едно лице при што вработеното лице треба да биде сопственик (над 50%) и управител на претпријатието.

Заклучно со 01.11.2024 година пристигнати се вкупно 222 барања од кои 190 се одобрени, 31 се одбиени пооради неисполнување на условите од јавниот повик и 1 барател побара запирање на постапката. Предвидените средства за оваа мерка од 57.000.000 денари, во целост се реализирани.

„Со цел придонесување кон рамномерен регионален развој, при распределбата на средствата, покрај утврдениот износ за кофинансирање на докажаните трошоци направени за набавка на нови машини,за секој барател се утврди и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на барателот. Истовремено сакам да напоменам дека поединечниот износ на средства за кофинансирање на секој апликант кој ги исполни условите од овој јавен повик, беше процентуално рамномерно намален за 12.6%, бидејќи вкупно одобрениот износ на средства за субвенционирање на сите баратели кои ги исполнуваат предвидените услови во Јавниот повик го надмина планираниот износ на средства од 57.000.000 денари за реализација на оваа мерка“ појасни Дурмиши.

Предмет на јавниот повик беше субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени во текот на 2023 и 2024 година зa:

– набавка на нови машини и/или алати и

– дизајн на нов производ

Заклучно со 01.11.2024 година, до Министерството за економија и труд пристигнаa вкупно 43 барања, од кои 37 се одобрени а 6 се одбиени поради неисполнување на условите од јавниот повик.

И за оваа мерка, при распределбата на средствата, покрај утврдениот износ за кофинансирање на докажаните трошоци за предвидените намени, за секој барател се утврди и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на барателот.

„Имајќи ги во предвид потребите на МСП и занаетчиите Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со реализација на мерки и активности за поддршка на нивниот развој и подобрување на нивната конкурентност“ кажа Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2.300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе

Од 1 јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика...

Македонија2 часа

(Видео) МВР со детали за акцијата во Арачиново: пронајдено оружје

Утрово, околу 1.30 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при...

Македонија3 часа

Не отворајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во имејл-пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица, апелира МВР

Во врска со зголемениот број измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во...

Македонија3 часа

Распишани меѓународните потерници по Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи ги распиша меѓународните потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на „Државната лотарија“, Перпарим...

Македонија3 часа

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека...

Македонија4 часа

Борисов: Во Брисел се одвиваа процеси за Северна Македонија, губиме време, мора да застанеме цврсто зад ставот и да формираме влада

Јас сум оптимист за формирање влада бидејќи она што го гледам на меѓународен план само нè обврзува како народ, како држава,...

Македонија4 часа

Истрага за обид за убиство во Скопје: пукал кон жртвата, но не ја погодил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија5 часа

(Видео) Голема акција во Битола и Ресен, запленети 780 килограми тутун, три лица ќе одговараат кривично

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780...

Македонија5 часа

Артан Груби да се врати во Македонија и да си докаже пред судот колку е чист како солза, како што самиот тврди, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името...

Регион7 часа

Вучиќ ги повика Србите да ѝ се приклучат на војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги повика своите сограѓани да ѝ се приклучат на војската на Србија, наведувајќи дека платите...

Европа8 часа

Зеленски бара распоредување западни мировни трупи во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека на денешната средба на европските лидери во Брисел може да се разговара за...

Македонија8 часа

Мицкоски на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба...

Македонија18 часа

Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Македонија19 часа

Притвор од 30 дена за Артан Груби и за Прпарим Бајрами

Скопскиот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Прпарим Бајрами. „По добиено известие од...

Македонија20 часа

Секој што згрешил мора да одговара, никој не е над законот: Meџити за случајот со Државна лотарија

Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за...

Македонија21 час

Арсовска за проблемите во градот : Кризите се политички мотивирани

Кризите се политички мотивирани, одговори градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прашањето кај кого е вината за проблемот со јавниот...

Македонија21 час

МВР ја образложи кривичната пријава за Ковачевски – овозможил Лотарија да приредува игри на среќа без лиценца

МВР образложи зошто поднело кривична пријава и за експремиерот Димитар Ковачевски, како и за генералниот секкретар во Владата, Методија Димовски,...

Македонија24 часа

Терористичката организација oд Гостивар планирала напади во Македонија за новогодишните празници, соопшти МВР

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три од Гостивар и едно од Струга, за терористичката организација по...

Македонија1 ден

Инспекции го тресат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, се истражува смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје...

Регион1 ден

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за...