Црна хроника
Дрога пронајдена кај осуденик во затворот во Штип
Во СВР ШтипНа вчера во 14.43 часот, од Казнено– поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденикот Д.Д. била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од СВР Штип ја подигнале дрогата и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче
Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20.30 часот на автобуска постојка во с.Сарај, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче Б.П. од с.Грчец, скопско.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Пожар во куќа во Скопје: загина 71-годишен маж, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење
Ноќеска во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен криминалец баран за затворска казна од три години
Денеска во 08 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.