Свет
(Видео) Русите објавија снимка: го уништивме американскиот тенк „Абрамс“
Единицата за беспилотни летала со седиште во Феодосија уништи тенк „Абрамс“ од американско производство во населбата Новоивановка во областа Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Во областа Суџа во регионот Курск единиците на беспилотни летала извршија напад во кој беше уништен американски тенк ‘Абрамс’ користејќи беспилотни летала кои се имуни на непријателските системи за електронско војување“, се вели во извештајот.
Во извештајот се посочува дека во секојдневните мисии полетуваат беспилотни летала опремени со муниција. Русите додадоа дека при една таква операција на патот бил забележан тенк „Абрамс“.
САД се согласија да испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по повеќемесечната кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат по речиси 10 милиони долари, се клучни за можноста да се пробијат руските линии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Молотов коктел фрлен врз синагога во Монтреал
Молотов коктел рано утринава бил фрлен врз Еврејскиот културен центар и синагогата на конгрегацијата Бет Тиква во градот Долард-де-Ормо во канадската провинција Квебек, јавија канадските медиуми.
Истражниот тим на противпожарната служба на полицијата во Монтреал ја испитува штетата предизвикана од рачно изработена запалива бомба која била фрлена врз овој еврејски верски и културен центар, пишува монтреалскиот весник Газет.
Во овој еврејски центар во градот Долард-де-Орме се сместени синагогата на Конгрегацијата Бет Тиква, училиштето на Еврејската фондација и канцелариите на Еврејската федерација CJA на Западниот остров.
Свет
Поранешниот францускиот претседател Саркози осуден на една година затвор поради корупција
Највисокиот француски апелационен суд денеска ја потврди пресудата против поранешниот претседател Никола Саркози за корупција и трговија со влијание, наложувајќи му да носи електронска алка една година, прва за поранешен шеф на држава. Саркози изгуби по последната можна жалба и едногодишната затворска казна ќе ја „одлежи“ со носење електронска нараквица, без да биде затворен.
Казната изречена во 2023 година од првичниот апелационен суд беше три години затвор од кои две условни и забрана за кандидирање за изборна функција. Казната дозволува затворската казна да се издржува со носење електронска ознака, без да биде затворен. Ќе биде повикан од судија за да му ја стават нараквицата.
Саркози рече, преку гласот на неговите адвокати, „секако“ ќе ја почитува одлуката на францускиот суд, но ќе го поднесе случајот пред Европскиот суд за човекови права.
Саркози беше осуден за обид за поткуп на судија во 2014, на кого му сугерирал дека може да му обезбеди престижна работа во замена за информации за друг случај. Образложувајќи ја пресудата во 2021, судијката кажа дека „Саркози знаел дека тоа што го прави е погрешно“. Кривичните дела беа прецизирани како недозволено влијание и повреда на професионална тајна.
Свет
Во судир на два воза во Русија, 14 лица загинаа, а 14 се повредени
Најмалку 14 лица загинаа во судир на два воза во областа Мурманск, Русија, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Во судирот повредени се 14 лица, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Министерството за вонредни состојби, пренесе ТАСС.
Во 16 часот и 15 минути, по пристигнувањето на станицата Књажаја во регионот Мурманск, патничкиот воз број 11 Мурманск-Санкт Петербург, во кој имало 326 патници, се судрил со вагоните на товарниот воз, соопшти руската агенција.