Спорт
Парадокс – Осимен продаден за 70 милони, а Лил заработил 10 пати помалку
Трансферот на Виктор Осимен во Наполи е вториот најголем трансфер во историјата на фудбалскиот клуб Лил.
Нигериецот замина во Неапол за 70 милиони евра, повеќе пари клубот заработил само од трансферт на Николас Пепе во Арсенал (80 милиони евра).
Ова се податоците од трансферите, па поради тоа парадоксално звучи податокот дека од трансферот на Осимен во клубот влегле само седум милиони евра.
Ова го откри претседателот на клубот Оливие Летанг за време на гостувањето во една ТВ емисија. Како што наведе, најголем дел од парите отишле кај менаџери, на провизии итн.
„Заработивме повеќе пари од продажбата на Карлос Балеба (во Брајтон за 30 милиони евра) и Амаду Онана (Евертон, 40 милиони евра) отколку од Осимен“, рече Летанг.
Што точно се случило во тој трансфер, кој се смета за најголемото купување во историјата на Наполи, е предмет на истрага на властите во Франција и Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кристијано Роналдо го бојкотираше гласањето за најдобрите играчи во светот
Кристијано Роналдо капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија го бојкотираше гласањето за најдобар фудбалер во избор на ФИФА.
Наградата му припадна на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.
Капитените и селекторите на сите репрезентации, членки на ФИФА, и по еден новинар од секоја од тие земји, гласаат за најдобрите играчи во светот. Одредено влијание имаат и навивачите. Секој избира и рангира по тројца играчи – првото место заработува пет поени, второто три, а третото еден поен.
И покрај тоа што е капитен на Португалија, Кристијано Роналдо не сакаше да гласа за фудбалерите. Своите должности му ги предаде на заменик капитенот Бернардо Силва.
Роналдо во последните години е разочаран од изборот на играчи кои се номинирани. Затоа тој не гласаше за Златната топка, туку ја делегираше и таа должност. Роналдо пет пати ја освојуваше наградата на ФИФА, а последен пат во 2017 година.
Својот глас не го даде ниту Златко Далиќ. Пред три години, селекторот на хрватската репрезентација почна да го бојкотира гласањето за наградата на ФИФА. Тоа беше по освоеното трето место на Светското првенство во Катар.
Тогаш Далиќ изјавил дека хрватската репрезентација не била доволно почитувана и дека нејзините играчи многу ретко се номинирани за слични награди.
Спорт
„Се надевам дека Евролигата нема да го налути Нан во иднина“
Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина имаше интересен коментар по убедливиот пораз на неговиот тим, во Атина од европскиот шампион Панатинаикос со 103:74 во 16. коло од Евролигата.
По бродоломот во Истанбул, „зелените“ до победа пред домашната публика ги предводеше неверојатниот Кендрик Нан, кој се врати по суспензија и постигна 39 поени. Американецот во првата четвртина постигна седум тројки.
„Се надевам дека Евролигата во иднина нема да го налути Нан со суспензија пред натпреварот со нас, бидејќи момчето беше насекаде“, изјави Месина по натпреварот во кој неговиот тим беше убедливо поразен.
Спорт
Датунашвили суспендиран на пет години, Србија остана без бронза од ОИ во Токио
Зураб Датунашвили, поранешен српски репрезентативец во борење, е суспендиран на пет години поради кршење на антидопинг правилата.
Светската боречка федерација соопшти дека Судот за спортска арбитража донел одлука со која поранешниот светски шампион е казнет со петгодишна суспензија, а сите негови резултати од 27 мај 2021 година до 11 мај 2023 година се поништени.
Во наведениот период Дутанашвили освои бронзен медал во грчко-римско борење во категоријата до 87 килограми на Олимписките игри во Токио, каде што ја претставуваше Србија.
Датунашвили ги прекршил правилата за антидопинг, кои беа утврдени по тестирањето во април 2023 година. Поради повреда тој се пензионира во декември минатата година.
Датунашвили првично беше обвинет за „користење забранета метода“ и попречување на контролниот процес.
Поранешниот репрезентативец на Србија во меѓувреме се жалеше (само за замена на примерокот од урина), а за промената на неговите резултати и распределбата на медалите што ги освои ќе се одлучи подоцна.
Датунашвили е роден во Грузија, а за таа земја настапуваше до 2020 година, кога реши да ја смени репрезентацијата. Како борач за Грузија, Зураби освои медали на три европски првенства. Два пати по ред беше европски првак во грчко-римски стил, додека во 2013 година во Тбилиси, освои сребрен медал.
Покрај олимпискиот медал, Зураб на Србија и донесе два светски златни медали, еден европски златен медал, бронзен медал од поединечно Светско првенство и бронзен медал на Олимписките игри.