Економија
(Видео) Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата, работниците ви се на последно место
Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница ја запраша министерката за финансии дали сега во овие услови на растечки цени и инфлација ќе прифати предлогот на СДСМ за покачување на минимална плата на 450 евра.
Упорно не го прифаќате барањето на СДСМ за покачување на минималната плата на 450 евра, иако искуствата покажуваат дека секогаш кога ќе се покачи минималната плата, има спирално покачување и на останатите плати, а граѓаните заработените пари повторно ги враќаат во економијата, истакна Бочварски.
Во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања, Бочварски, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ пред избори вети раст на платите веднаш, а со новиот Буџет за 2025 година најави „позитивни изненадувања за сите работници“.
Изненадувања видовме, но не позитивни. Имаме раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, наспорти стагнација на минималната плата, а со тоа и на сите плати.. Со оглед на ваквото темпо на раст на трошоците за живот, веќе треба да се зборува за 500 евра минимална плата, за да се обезбеди достоен живот за работниците, рече Бочварски, додавајќи дека растечката инфлација и социјална несигурност, животниот стандард на работниците е очигледно последен на листата приоритети на Владата.
За овие 7 месеци од вашето владеење, не видовме ниту еден потег, ниту една мерка, со која што ќе го подобрите семејниот буџет и животот на работниците. Ова што гледаме дека е во вашиот фокус е на пример раст на буџетот на 6,5 милјарди евра, како што вие кога бевте опозиција велевте надуван балон, или на пример фокусот е на новите задолжувања, но не и растот на стандардот на граѓаните, нагласи Бочварски, додавајќи дека земјите во соседството преземаат сериозни мерки за зголемување на минималната плата.
Тој потсети дека долги години, во времето на ВМРО ДПМНЕ работнците земаа 8.000 денари минимална плата.
Владата на СДСМ, зголемуваше плати во време на незапаметена пандемија и во време на војна, на економско-енергетска криза и со тоа покажавме дека може да се направи скок но растот на платите кога политиките во тој дел се јасни. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми платата минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, нагласи пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

