Спорт
Кунде одигра најмногу натпревари во 2024 година

Францускиот фудбалер Жил Кунде (26) помина најмногу време на теренот во 2024 година.
Заклучно со 15 декември, фудбалерот на Барселона оваа година одигра 69 натпревари, вкупно 5.872 минути.
Според анализата на Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС), во пресметката се вклучени натпревари на клупско и репрезентативно ниво, вклучувајќи ги и натпреварите во репрезентациите У21 и У23.
Втор на оваа листа е Колумбиецот од Флуминенсе Џон Аријас, додека трет е играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде.
Арис оваа година одигра 67 натпревари, а Валверде 66.
Зад нив се Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Николас Отаменди (Бенфика) и Гранит Џака (Баер).
Анализата покажа дека најголемиот број играчи, очекувано, поминале најмногу време на теренот играјќи натпревари на клупско ниво (73,2%), додека остатокот од нивната игра е исполнета со настапи за репрезентацијата и во европските натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даниелс пред Зубац – Играч со најголем напредок

Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот.
Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен.
Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од Детроит Пистонс е трет.
Даниелс ја доби наградата за учинок во својата трета сезона во НБА и првата во Атланта. Сезоната ја заврши со просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и три украдени топки по натпревар.
Во споредба со минатата сезона, бројот на поени го зголемил за 8,3, скоковите за два, асистенциите за 1,7 и украдените топки за 1,62 по натпревар. Тој беше водечкиот „крадец на топки“, во НБА.
Покрај тоа што ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона во НБА, Даниелс беше второпласиран во изборот за најдобар дефанзивен играч во лигата.
Сепак, многу експерти веруваат дека Ивица Зубац, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата е оштетен. За Клиперси, тој бележеше 16,8 поени, 12,6 скока, 2,7 асистенции со 62,8 проценти реализација од поле.
Спорт
Саудијците не се откажуваат од Винисиус, го сакаат и Анчелоти

Винисиус Жуниор е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид, но постои клуб кој не се откажува од него и е подготвен да понуди неверијатна сума за неговиот трансфер.
Пред една година интерес за Винисиус покажаа клубовите од Саудиска Арабија. Медиумите пренесоа дека Ал Хилал подготвил пакете од 500 милиони евра за да го донесат Винисиус, на кого би му понудиле да биде и промотор на Светското првенство во 2034 година.
Сега клубот од Саудиска Арабија е подготвен да му понуди уште повеќе пари на Винисиус отколку што понуди во претходните обиди. Исто така Ал Хилал за тренер сака да го донесе Карло Анчелоти.
Новите информации говорат дека Ал Хилал ја зголемиле понудата на 800 милиони евра Овој пакет вклучува оштетеа, плата и бонуси, па затоа ќе биде тешко да се одбие таква понуда.
Спорт
Леброн, Роналдо и Меси елиминирани во ист ден

Неверојатна случајност – трио на веројатно најголемите имиња на денешнината, во нивните спортови денес претрпеа елиминации.
Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср стигнаа до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони, беа поразени од Кавасаки Фронтејл со 2:3, Леброн Џејмс и Лејкерси претрпеа уште еден пораз против Минесота во плејоф серијата и ја завршија сезоната, а Лео Меси доживеа слична судбина како неговиот вечен опонент од Португалија.
Интер Мајами беше поразен од Ванкувер со 3:1 и со вкупен резултат од 5:1 беше елиминиран од елитното натпреварување на зоната КОНКАКАФ, Лигата на шампионите.
Така, за само 24 часа, три суперѕвезди ја завршија приказната во најважните натпреварувања.
Дури ни добриот почеток на натпреварот против Ванкувер и водството што го донесе Џорди Алба во деветтата минута не му помогнаа на Мајами. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, по што следеше фуриозно второ полувреме на гостите од Ванкувер.
Меси беше без конкретен учинок во двата натпревари.