Македонија
(Видео) Лефков: СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и од „Лотарија“, не реагирале за да не падне владата
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, но не реагирале за да не падне владата.
СДС, како што рече, се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче.
„И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена. И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо“, рече Лефков.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДС дозволија тој да метастазира до невидени размери.
„СДС се целосно виновни за грабежот кој го приреди Груби.
Во СДС ништо не е сменето истите луѓе кои беа на позиции додека Груби крадеше, на чело со Филипче повторно се таму.
СДС треба јавно да го осудат Груби и Ковачевски“, дециден е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Во делот на извозот на храна има зголемување за 11 %, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 %
За првите 10 месеци од годинава има одредени сегменти каде бележиме раст како држава и во делот на извозот на храна има зголемување за 11 проценти, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 проценти. Во вкупна бројка за 10 месеци имаме извоз од околу 670 милиони евра, појасни Трипуновски, кој оцени дека, е добар сигнал и почнуваат да се гледаат показателите дека Владата добро работи во овие шест месеци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата на клубот на извозници во Стопанска Комора.
Интенција на министерството е да се зголеми производството, да бидеме отворени и транспарентни и со олеснета бирократија. Затоа, ќе работиме на делот на дигитализација за олеснување на бирократските процедури појасни Трипоновски кој нагласи дека, како земјоделски сектор наследил доста отворени прашања и застарени процеси кои треба да се придвижат во позитивен правец. Целта на Министерството е, вели тој да го зголемиме домашното производство и затоа веќе во програмата за наредната година за директни плаќања ќе има одредена модификација со цел поголема стимулација кон земјоделците да ја зголемат продукцијата, односно да имаат ефект парите кои ги даваме за субвенции.
Трипуновски пред присутните го најави и сетот на законски измени во повеќе гранки како винарството, тутнопроизводството и градинарските култури. Тоа го правиме во соработка со засегнатите. Паралелно помагаме на одредени сектори кои се наоѓаат во мала криза преку директна поддршка, вели Трипуновски кој ја нагласи својата присутност и во останатите седници кои ќе ги организира клубот и вети дека им стои на располагање на стопанствениците за да се олеснат недостатоците или процесите.
Македонија
Лимани и Велковски во посета на децата од СОС Детско село: има вкупно 369 згрижувачки семејства, во кои се згрижени околу 600 лица
Министерот и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Ѓоко Велковски, денеска ги посетија децата од СОС Детско село.
Предновогодишниот период и празниците кои следат е период на топлина, насмевки, прегратки и подароци. Во таа атмосфера беше и денешната посета на децата од СОС Детско село.
СОС Детско село е лиценциран и овластен давател на услуги, со кој Министерството има склучено управен договор за обезбедување стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Покрај тоа, СОС Детско село е и лиценциран и овластен давател на услугата за живеење со поддршка за млади без родители и родителска грижа, сместени во 4 мали групни домови во различни населби во Скопје, со финансиска поддршка од Министерството.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола, обезбедуваат поддршка за згрижувачките семејства на целата територија на нашата држава. Неодамна Центарот на СОС Детско село отвори и одделение во Струмица, со цел приближување и поддршка на граѓаните – кандидати за згрижување и згрижувачи од околните градови и места.
Во моментов, во државата имаме вкупно 369 згрижувачки семејства, во кои се згрижени околу 600 лица.
Скопје
Герасимовски: Берберниците од Центар се вклучија во иницијативата “Се шишаме и донираме”, голем број граѓани донираа
Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance ја реализираа големата хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” на територија на општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги посети сите пет берберници за да види како се одвива иницијативата и донираше финансиски средства за да донесе радост онаму кадешто е најпотребно во пресрет на новогодишните празници.
“Среќен сум што хуманоста нѐ зближува, голем број граѓани донираа. Моја огромна почит до бербениците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance за заедничката хуманитарна акција „Се шишаме и донираме”. Во следниот период продолжуваме со слични активности”, вели Герасимовски.
Сите мажи кои вчера се шишаа или бричеа во некоја од овие пет берберници паричните средства што ги платија како услуга ги донираа во хуманитарни цели.