Македонија
Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната година 2024/2025 година
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
Грижата за сите граѓани е наш приоритет, велат од ресорното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен – Битола и Струга – Охрид
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Ресен – Битола и Струга – Охрид, информираат вечерва од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.
– Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.
Македонија
Трипуновски: Во делот на извозот на храна има зголемување за 11 %, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 %
За првите 10 месеци од годинава има одредени сегменти каде бележиме раст како држава и во делот на извозот на храна има зголемување за 11 проценти, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 проценти. Во вкупна бројка за 10 месеци имаме извоз од околу 670 милиони евра, појасни Трипуновски, кој оцени дека, е добар сигнал и почнуваат да се гледаат показателите дека Владата добро работи во овие шест месеци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата на клубот на извозници во Стопанска Комора.
Интенција на министерството е да се зголеми производството, да бидеме отворени и транспарентни и со олеснета бирократија. Затоа, ќе работиме на делот на дигитализација за олеснување на бирократските процедури појасни Трипоновски кој нагласи дека, како земјоделски сектор наследил доста отворени прашања и застарени процеси кои треба да се придвижат во позитивен правец. Целта на Министерството е, вели тој да го зголемиме домашното производство и затоа веќе во програмата за наредната година за директни плаќања ќе има одредена модификација со цел поголема стимулација кон земјоделците да ја зголемат продукцијата, односно да имаат ефект парите кои ги даваме за субвенции.
Трипуновски пред присутните го најави и сетот на законски измени во повеќе гранки како винарството, тутнопроизводството и градинарските култури. Тоа го правиме во соработка со засегнатите. Паралелно помагаме на одредени сектори кои се наоѓаат во мала криза преку директна поддршка, вели Трипуновски кој ја нагласи својата присутност и во останатите седници кои ќе ги организира клубот и вети дека им стои на располагање на стопанствениците за да се олеснат недостатоците или процесите.
Македонија
Лимани и Велковски во посета на децата од СОС Детско село: има вкупно 369 згрижувачки семејства, во кои се згрижени околу 600 лица
Министерот и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Ѓоко Велковски, денеска ги посетија децата од СОС Детско село.
Предновогодишниот период и празниците кои следат е период на топлина, насмевки, прегратки и подароци. Во таа атмосфера беше и денешната посета на децата од СОС Детско село.
СОС Детско село е лиценциран и овластен давател на услуги, со кој Министерството има склучено управен договор за обезбедување стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Покрај тоа, СОС Детско село е и лиценциран и овластен давател на услугата за живеење со поддршка за млади без родители и родителска грижа, сместени во 4 мали групни домови во различни населби во Скопје, со финансиска поддршка од Министерството.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола, обезбедуваат поддршка за згрижувачките семејства на целата територија на нашата држава. Неодамна Центарот на СОС Детско село отвори и одделение во Струмица, со цел приближување и поддршка на граѓаните – кандидати за згрижување и згрижувачи од околните градови и места.
Во моментов, во државата имаме вкупно 369 згрижувачки семејства, во кои се згрижени околу 600 лица.