Спорт
(Видео) Најдолгото соочување во историјата на боксот
Најдобрите светски боксери во тешка категорија Олександр Усик (37) и Тајсон Фјури (36) ќе се борат во сабота навечер околу 22 часот во за три од четирите главни светски шампионски појаси.
Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Усик во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас.
Боксерите одржаа бројни интервјуа пред мечот, а два дена пред влегувањето во рингот беше одржано соочувањето. Двобојот очи в очи траеше дури 11 минути што е нов боксерски рекорд.
Соочувањето помина мирно и без поголеми инциденти, како што можете да видите на видеото.
THIS WAS INTENSE! USYK AND FURY FACE OFF! 👀 😤#Usyk2Fury pic.twitter.com/rab75GLugK
— Chamatkar Sandhu (@SandhuMMA) December 19, 2024
Британските медиуми објавија дека боксерите ќе поделат 191 милион долари, што е повеќе отколку во првата борба, во која поделија 150 милиони долари. Договорот тогаш беше Фјури да добие нешто повеќе од 100 милиони, додека Усик да го добие остатокот иако победи.
Овој пат Усик наводно ќе добие поголема сума, иако не се знае колку. Британскиот боксер има само еден пораз во кариерата и тоа од Украинецот во нивниот меч на 17 февруари годинава. Усик е непоразен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседател на клуб суспендиран од фудбалот на 15 години поради местење натпревари
Молдавскиот фудбалер Петру Ојог (34) до минатата година ја вршеше функцијата претседател на сега веќе згаснатиот локален клуб ФК Сфинтул Георге.
Неговата кариера во фудбалот во целост заврши деновиве. Молдавската фудбалска федерација (ФНФ), преку својата Етичка комисија, одлучи да го суспендира Ојога од фудбалот на дури 15 години.
Причината е местење натпревари. Заедно со него беше казнет и фудбалерот Игор Бондаренко, но за значително пократок период од една година.
Во соопштението на ФНФ се наведува дека пресудата е донесена „поради вмешаност во манипулации и активности на резултатите на одредени натпревари во фудбалскиот шампионат на Република Молдавија“.
Оваа одлука на Етичката комисија ја потврди и Апелациската комисија на ФНФ, па и официјално стапија на сила мерките против двајцата спортисти. Дисциплинскиот кодекс на ФИФА бара санкциите за Ојог и Бондаренко да се прошират на глобално ниво.
Дополнително, Ојог ќе треба да плати казна од 15 илјади евра, а Бондаренко осум илјади. ФНФ ја претстави одлуката како „силна посветеност на федерацијата во борбата против местењето натпревари и заштитата на интегритетот на спортските натпревари“.
Спорт
Братот на Погба осуден на три години затвор поради изнуда на пари од Пол
Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Матијас Погба, се осудени на затворски казни од три до осум години. Судот ги прогласи за виновни за обид за изнуда.
Во 2022 година, Пол Погба откри дека бил цел на обид за изнуда и закани од страна на организирана банда. Погба тогаш изјави дека во бандата која го уценувала, бил неговиот брат Матијае и пријатели од детството.
Погба тогаш пред обвинителството во Париз изјави дека и платил на групата 100.000 евра.
Матијас Погба е осуден на три години затвор, од кои две се условни, откако беше прогласен за виновен за организирана изнуда и обид за изнуда.
Покрај него, на осум години затвор се осудени Руждане К., Бубакар Ц. е осуден на четири години затвор, од кои две условни, Мачикур К. е осуден на четири години, од кои три условни, Мамаду М. до пет години, од кои едната е условна, додека Адама Ц. осуден на пет години затвор.
Спорт
Се подготвува чистка во соблекувалната на Манчестер сити
Челниците на Манчестер сити, во зимскиот и летниот преоден рок подготвуваат радикални чекори. Се чини дека ова ќе биде одговорот на кризата која го стресе клубот. „Граѓаните“, на последните 11 натпревари во сите натпреварувања, доживеаја осум порази, забележаа само една победа.
Притисокот врз Пеп Гвардиола расте од ден на ден, но како што сега стојат работите неговата позиција е стабилна. Тренерот неодамна го продолжи договор со клубот до 2026 година.
Новинарите од англискиот „TEAMtalk“ отидоа многу подалеку, тврдејќи дека во наредниот период се подготвува голема чистка и дека некои големи имиња ќе го напуштат клубот.
Прв кој треба да го нашушти клубот е искусниот португалски дефанзивец Рубен Диаш. Според овој извор замената за Дијаш ќе биде капитенот на Каристал Палас, Марк Гуехи.
Извесно е дека клубот ќе го напушти и Кевин де Брујне е играч кој ќе го напушти клубот. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и тој ќе замине како слободен играч. Иста судбина го очекува и Илкај Гундоган, кој на почетокот на сезоната се врати во клубот, потпиша едногодишен договор, но клубот нема да му понуди прдолжување на договорот.
Далеку од вистинската форма се и Кајл Вокер и голманот Едерсон. За Едерсон постои интерес кај клубовите од Премиер лигата, а Едерсон имал многу добри понуди од Саудиска Арабија, додека Пари Сен Жермен и Барселона сакаат да го ангажираат Бернардо Силва.