Македонија
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Тетово е нормализиран
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, информираа вечерва од АМСМ.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот беше пренасочен по стариот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Единствено освежување денес во воздухот во Македонија е фактот што СДС од опозиција отвори очи и виде дека не сработеле ништо за животната средина
СДС вети, дека ќе обезбеди чист воздух во македонските градови. Имаа апсолутна власт, претседател, влада и градоначалници и успеаа да не сработат ништо за животната средина и почистиот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Последиците од нивната неработа, ги гледаме денес. СДС донесе некаква листа на желби, наречена план, но заборави да сработи нешто и планот остана нереализиран. И додека, по медиуми зборуваа за колку сакаат чист воздух, СДС не заборавија на првата седница на нивната влада, да ги намалат давачките за петрол кокс, па фирмите на Заеви, да можат да остваруваат екстра профит, на штета на загадениот воздух и здравјето на луѓето. СДС го направи горивото за Заеви поевтино, за сметка на тоа, сега Струмица е најзагаден град во Македонија? Дали вредеше да му го зголемиме профитот на Заев, за сметка на здравјето на струмичани? Во 8 години власт, СДС не сакаше да го донесе Законот за индустриски емисии. Зборуваа за разни бајки, ни објаснуваа што се не знаат или што се не можат, но прст не мрднаа во насока на контрола на загадувачите. Тоа не е само забелешка во сите ЕУ извештаи, тоа е обврска кон нашите деца. Зарем треба да се потсетиме дека СДС направи се што беше во нивни раце да го распарчи и уништи системот за централно греење во Скопје“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„После 8 години власт на СДС, испораката на природен гас низ Македонија, не мрдна ни милиметар. Природен гас не донесоа низ цевка ни во Велес, ни во Тетово, ни во Прилеп, ни во Битола, ни во Неготино. Преку Фондот за иновации СДС испра милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух. Дали некој во СДС, следи што придонеле средствата кои ги даваа на свои блиски од Фондот за иновации поврзани со повикот за почист воздух? Колку е почист воздухот заради тие милиони евра? Зборуваа за зелени површини, а го укинаа проектот Засади ја својата иднина со кој се засадија милиони дрвца. Го запуштија системот за брза реакција на пожари, ги покрадоа Македонски шуми. Програмата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за справување со проблемот на загадениот воздух се преточува во акција. Дефинирани се мерки и акции, дефинирани се надлежни институции и рокови. Загадениот воздух не е проблем што може да се реши за едно попладне, еден месец или една сезона. Загадениот воздух не е проблем што може да го реши еден човек или една институција. Оваа Влада посветено работи да го заврши својот дел од работата. Борбата со загадениот воздух бара вклучување на сите чинители, државните институции, индустријата и граѓаните. Планската програма за почист воздух се вградува во планот за работа на секој државна институција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја започна борбата со овој горлив проблем кој што го наследивме од СДС и кој ги убива нашите најблиски. Ги повикуваме сите чинители, да го дадат својот придонес за почист воздух. Секој од својот двор, од својот ауспух, од својот оџак да започне со грижата за сопственото здравје и здравјето на своите комшии. Заедно низ тешка и посветена работа ќе стигнеме до почист воздух, позелена Македонија и здрави деца. Граѓаните на Македонија не ги зачувува фактот дека вест на денот за СДС е што во опозиција видоа дека како власт не работеле ништо корисно“.
Македонија
Два термоблока во РЕК Битола утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби, велат од ЕСМ.
„Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат.
Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“, соопштуваат од ЕСМ
Македонија
(Видео) Од 01.01.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.
Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год.
Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.