Македонија
(Видео) Димитриевски: Вечерва се врши аеросолизација во Куманово како мерка за намалување на загаденоста на воздухот
Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот, објави на својот „Фејсбук“ профил градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.
Според мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока е загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Кожувчанка“ донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје
Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Компанијата „Кожувчанка“ донира 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град.
„Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на актуелните предизвици со недостигот на вода овие денови. Знаеме дека водата е основна потреба за функционирање на здравствените институции, а Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, кој секојдневно се соочува со бројни пациенти, сега има огромна потреба од стабилен снабдувачки капацитет“, велат од „Кожувчнка“.
Компанијата додава дека и натаму ќе продолжи да биде активно вклучена во иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата и секогаш ќе биде поддршка на здравствените институции во периоди на криза.
(ПР)
Македонија
РЕК Битола не работи – граѓаните ја плаќаат неспособноста на ДПМНЕ, велат од СДСМ
„РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа. На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи“, соопшти СДСМ.
„ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.
Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.
Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ.
Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните.
Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ против загадувањето, вели опозициската партија
„Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и Тетово“, соопшти СДСМ.
„Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето.
Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.
Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречиститителни станици.
Буквлано секој предлог на опозиција за еколошки пректи и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби.
Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами“, се наведува во соопштението на СДСМ.