Свет
Џеф Безос вечерал со Доналд Трамп на неговиот имот на Флорида
Основачот на „Амазон“ и сопственик на „Вашингтон пост“, Џеф Безос, е еден од многуте милијардери кои во последните денови го посетија новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, објави денеска Би-би-си.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, Безос е виден како влегува во Мар-а-Лаго во средата навечер, на пат на вечера со новоизбраниот претседател.
Безос вети 1 милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп и исто така има големи деловни интереси со американската влада преку неколку негови компании, вклучувајќи ги Amazon Web Services и Blue Origin, неговата компанија за истражување на вселената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми
Хеликоптер на Брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник.
Повредени се учителка и шесте деца, како и напаѓачот. Хрватската министерка за здравство извести дека едно дете починало. Според Индекс, наставничката е тешко повредена.
Полицијата и итната помош се на терен. Хеликоптерот на Итната помош слетал и ги однел повредените.
Регион
(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб кадешто напаѓач со нож повреди неколку лица
Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на медиумите неколку лица се повредени.
Од полицијата велат дека им треба повеќе време за проверка на сите информации од терен.
На местото на настанот има многу полиција, а според очевидци, пред училиштето има најмалку шест амбулантни возила. На видеото објавено од хрватски медиум се гледа како луѓе бегаат од училиштето.
Регион
Напад со нож во основно училиште во Загреб, повредени пет деца и двајца возрасни
Најмалку седум лица се повредени во нападот што се случи утринава во основното училиште Пречко во Загреб. Нападот го извршил малолетник ученик со нож, а повредени се пет деца и двајца возрасни, пренесува Вечерњи лист.
Весникот неофицијално дознава дека напаѓачот има 15 години. Нема информација дали бил ученик на ова училиште или на некој друг начин е поврзан со таа институција. И хрватската полиција го потврди нападот.
„Денеска, 20 декември, околу 09:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна институција на подрачјето на Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор. Повредените лица се на лекарска помош“, соопшти полицијата.