Спорт
(Видео) Полуфинални двојки во Лига-купот на Англија
По одигрувањето на последниот четвртфинален натпревар во Лига купот на Англија, кој навистина беше спектакуларен (Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 4:3), беа извлечени полуфибналните двојки.
Пред Тотенхем, пласман во полуфинбалето изборија Ливерпул, Арсенал и Њукасл јунајтед.
Двојките ги извлече легендарниот играч на Ливерпул Џејми Карагер, а ќе се сретнат Арсенал – Њукасл и Тотенхем – Ливерпул.
За разлика од претходниот дел од Лига купот, во оваа фаза ќе се игра двомеч.
Првите натпревари се на 6 јануари, а реваншите на 3 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Совршен план на Раниери – Анчелоти на клупата на Рома!?
За многумина беше изненадување што Клаудио Раниери се повлече од фудбалот во средината на ноември и по трет пат во кариерата ја презеде Рома, но со оглед на тоа што веќе е во осмата деценија од животот, јасно е дека неговиот престој на „Олимпик„ нема да трае вечно.
Затоа тој веќе има план кој би можел да го наследи следното лето, а прва мета без сомнение е неговиот сонародник Карло Анчелоти, кој според се, на крајот од сезоната ќе го заврши вториот мандат во кралскиот клуб.
Се почесто се шпекулира дека трофејниот Италијанец е при крај на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи името на Чави Алонсо се повеќе се сфаќа како наследник на Карло.
Во таков расплет на ситуацијата, логично би било враќањето на Анчелоти во Италија, а не треба однапред да се отфрли неговото доаѓање во клубот за кој настапуваше осум сезони.
Сето ова има смисла ако се знае дека Раниери и по завршувањето на сезоната ќе остане во Рома.
Главна пречка треба да биде Фудбалскиот сојуз на Бразил, кој долго време го сака Анчелоти за тренер на петкратниот светски шампион, па јасно е дека Рома има предизвик да го убеди Италијанецот да се врати во татковината по пет и пол години.
Спорт
Интер сака да го позајми Рашфорд од Манчестер јунајтед
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека сака што поскоро да се ослободи од Маркус Рашфорд (27).
Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Рашфорд би можел покрај Манчестер да ја напушти Англија и кариерата да ја продолжи во милански Интер.
Италијанскиот гигант, предводен од еден од најдобрите тренери на денешницата, Симеоне Инзаги, бил сериозно заинтересирани за „отпишаниот“ напаѓач. Клубот сака да го донесе Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот за 50 милиони евра.
Спорт
Реал Мадрид го сака поранешниот деветти пик на драфтот
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се активира на пазарот, бара засилување во бековската линија.
„Кралскиот клуб“ е во потрага по плејмејкер, бидејќи играчите кои дојдоа изминатато лето, Фелиз и Рејтан-Мејс, не ги оправдаа очекувањата.
Планот на клупските ченици беше Тео Маледон, но играчот кој блеска сезонава во дресот на Асвел, нема да го напушти клубот среде сезоната.
Реал засилување бара во НБА лигата. Пред нешто повеќе од еден месец клубот беше во преговори со Лони Вокер кој на крајот заврши во Жалгирис. Причината е што Реал не сакаше да му даде отворен договор, односно да може да си замине доколку добие понуда од НБА лигата.
Сега, како што објави Баскет њуз, тие преговараат со поранешниот деветти пик на драфтот Денис Смит Јуниор.
Минатата сезона играше за Бруклин, а најдобрата сезона ја имаше како дебитант за Далас кога имаше просек од 15 поени по натпревар. Според овој извор, Смит Јуниор сериозно сериозно размислува да дојде во Европа и Реал Мадрид.