Спорт
Братот на Погба осуден на три години затвор поради изнуда на пари од Пол

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Матијас Погба, се осудени на затворски казни од три до осум години. Судот ги прогласи за виновни за обид за изнуда.
Во 2022 година, Пол Погба откри дека бил цел на обид за изнуда и закани од страна на организирана банда. Погба тогаш изјави дека во бандата која го уценувала, бил неговиот брат Матијае и пријатели од детството.
Погба тогаш пред обвинителството во Париз изјави дека и платил на групата 100.000 евра.
Матијас Погба е осуден на три години затвор, од кои две се условни, откако беше прогласен за виновен за организирана изнуда и обид за изнуда.
Покрај него, на осум години затвор се осудени Руждане К., Бубакар Ц. е осуден на четири години затвор, од кои две условни, Мачикур К. е осуден на четири години, од кои три условни, Мамаду М. до пет години, од кои едната е условна, додека Адама Ц. осуден на пет години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025
Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.
Спорт
Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст.
Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години.
Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава.
„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе.
За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака.
Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.