Спорт
Реал Мадрид го сака поранешниот деветти пик на драфтот

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се активира на пазарот, бара засилување во бековската линија.
„Кралскиот клуб“ е во потрага по плејмејкер, бидејќи играчите кои дојдоа изминатато лето, Фелиз и Рејтан-Мејс, не ги оправдаа очекувањата.
Планот на клупските ченици беше Тео Маледон, но играчот кој блеска сезонава во дресот на Асвел, нема да го напушти клубот среде сезоната.
Реал засилување бара во НБА лигата. Пред нешто повеќе од еден месец клубот беше во преговори со Лони Вокер кој на крајот заврши во Жалгирис. Причината е што Реал не сакаше да му даде отворен договор, односно да може да си замине доколку добие понуда од НБА лигата.
Сега, како што објави Баскет њуз, тие преговараат со поранешниот деветти пик на драфтот Денис Смит Јуниор.
Минатата сезона играше за Бруклин, а најдобрата сезона ја имаше како дебитант за Далас кога имаше просек од 15 поени по натпревар. Според овој извор, Смит Јуниор сериозно сериозно размислува да дојде во Европа и Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белингем ќе отсуствува два месеци на почетокот од новата сезона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе го попушти почетокот на новата сезона. Англискиот репрезентативец ќе оди на операција на рамото.
Според шпанските медиуми, Белингем ја закажал операцијата една недела по финалниот натпревар од Светското клупско првенство, за секој случај, доколку Реал се пласира во финалето.
Според неофицијални информации, по операцијата, Белингем ќе се рехабилитира до октомври, поради што ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид, како и репрезентацијата на Англија во квалификациите за Светското првенство.
„Дојдов до точка каде што болката не е толку неподнослива. Губам тежина бидејќи се потам прекумерно и затоа ќе морам да се оперирам по Светското клупско првенство. Долго чекав на оваа процедура и полека губам трпение, но лекарите и физиотерапевтите одлично си ја вршат работата. Само сакам повторно да се чувствувам слободно на теренот“, изјави Белингам за медиумите по победата над Пачука (3:1).
Спорт
Фламенго внимателно ја следи ситуацијата со Влаховиќ

Неочекуван клуб влезе во трка за потписот на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач со голема веројатност ќе го напушти Јувентус во преодниот рок. Тој влегува во последната година од договорот, а ги одби понудите, за помала плата да потпише нов договор.
Интерес за Влаховиќ, покрај неколку европски клубови, покажа и бразилски Фламенго.
Спортскиот директор на овој клуб, Хозе Бото, зборуваше за српскиот напаѓач и шансите за негово ангажирање.
„За она што ни треба, би размислувал за Влаховиќ. Нашиот проблем не би биле парите, туку убедувањето на овие големи имиња да дојдат во Бразил. Во фудбалот, никогаш не вели никогаш“, рече Бото.
Влаховиќ досега одигра 144 натпревари за Јувентус, постигнува 58 гола и забележа 14 асистенции.
Спорт
Папапетру ја заврши кариерата

Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони.
Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и помала отколку во претходната.
Тој имаше просек од 2,8 поени, еден скок, 0,4 асистенции, 0,4 украдени топки, за 10,34 одиграни минути по натпревар.
Во својата кариера, покрај Панатинаикос во два наврати, Папапетру играше и за Олимпијакос пет години и Партизан.
На социјалните мрежи тој објави порака во која ја објави „најтешката одлука во неговата кариера“.