Македонија
Мицкоски: Очекувам завршување на најмалку три инфраструктурни проекти
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за започнатите низа инфраструктурни проекти, дали може да се очекува скоро завршување на некои од нив, информираше дека се очекува и тоа за најмалку три инфраструктурни проекти завршница.
„Да очекувам. Очекувам најмалку три и тоа многу скоро од денеска ќе биде македонската јавност известена. Многу добра работа што никој не ја примети, а поминува деновиве, а тоа се, конечно се одблокираа две големи капитални инвестиции, околу стотина милиони евра во делот на енергетиката и зелената енергија. „Сончевиот парк“ во Битола и „Ветерниот парк“ Богданци 2, нешто што не е направено седум години. Морам да ви признам, посебно за Ветерниот парк Богданци два, како го ставивме како раководство во тогашното ЕЛЕМ, така го најдовме, само со малку повеќе прашина и сега повторно поминаа овие закони во Парламент. Стотина милиони евра е тоа зелен енергија, а знаете дека од 01.01. 2026 година сите оние што ќе извезуваат во Европска Унија ќе мора да имаат потекло на електричната енергија што ја користат во својот производен процес да е зелена. Ако не е ќе плаќаат даноци и тоа не обврзува планот за раст. Затоа е многу важно дека сето ова што го правиме, го правиме, на дневна основа одблокираме процеси. Еве и денеска овие што преземавме 500 милиони за да се раздолжиме на 25 јануари. Очекуваме меѓу 9 и 10 да стигнат, за да се раздолжиме. Заштедивме најмалку 200 милиона, а ако издадевме еврообврзница со каматна стапка сигурно ќе беше над шест процент. Мора да се бориме за Македонија и за македонските граѓани сега ние на дневна политика тоа е“, изјави премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

