Спорт
Огромна сума заработија Усик и Фјури
Олександар Усик и Тајсон Фјури се соочија по втор пат, а исходот од борбата во Ријад беше ист како оној на нивниот прв меч одржан на истото место во мај.
Разликата е во тоа што Украинецот победи со поделена одлука тогаш, а сега со едногласна одлука на судиите.
Борците и од оваа борба заработија огрумна сума. За првата борба, предвидената сума за боксерите беше 150 милиони долари (околу 144 милиони евра), а околу 70 отсто од таа сума отиде кај поразениот Фјури.
Според Индипендент, тие од втората борба поделија околу 191 милиони долари (околу 183 милиони евра) наводно во сооднос 55-45 за Усик, ако тој сооднос е точен,
Усик земал 100,65 милиони евра за победата, додека Фјури од Ријад си замина побогат за 82,35 милиони евра.
Да потсетиме, Усик славеше откако сите тројца судии ја бодуваа борбата со 116:112 во негова корист, со што ја постигна 23-та победа во 23-та борба во кариерата. По рекорд од 34 победи и една борба без пораз, Фјури сега го претрпе вториот пораз во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салах влезе во историјата на Премиер лигата, оствари дабл-дабл пред Божик
Мохамед Салах го предводеше Ливерпул до убедливата победа над Тотенхем во Лондон (6:3) и се запиша во историјата на Премиер лигата.
Салах мечот со Ливерпул го заврши со фва гола и две асистенции. Вкупно сезонава постиган 15 голови и забележа 11 асистенции.
Египќамецот е првиот играч во историјата на Премиер лигата. кој пред Божик забележал двоцифрен број на голови и асистенции.
На последните девет натпревари, Салах зад своето има запишал гол или асистенција.
Спорт
(Видео) Спектакл, Ливерпул во Лондон спакува шест гола во мрежата на Тотенхем
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Тотенхем со 6:3 на гостински терен во 17. коло од Премиер лигата.
На тој начин Ливерпул ја прекина серијата од два меча без победа во Премиер лигата и го искористи неуспехот на Челзи против Евертон и со натпревар понмалку стекна четири бода предност над „сините“.
Тотенхем доживеа дебакл, прими вкупно девет гола од Ливерпул во последните два меча (4:9).
Луис Дијаз го отвори резултатот во 23. минута, кога погоди по асистенција на Александар-Арнолд.
Само 13 минути подоцна на семафорот стоеше 2:0, а стрелец беше Мекалистер. Сепак, тоа не беше крајот на шоуто во првото полувреме.
Во 41. минута Медисон ја намали негативата, но во првата минута од судиското надополнување Собослаи зголеми на 3:1.
Иако се чинеше дека Спарс нема да можат полошо од првите 45 минути, Ливерпул продолжи да доминира и да создава шанси по шанса.
Мо Салах стапи на сцена со два гола во 54. и 61. минута.
Кулушевски во 72. минута, па Соланке во 83. минута, погодија и одеднаш Тотенхем имаше„само“ два гола негатива. Сепак, надежите на домашните навивачи брзо повторно беа уништени.
Дијаз ја запечати судбината на избраникот Анже Постекоглу со својот втор гол во 85. минута.
„Црвените“ сега ќе го пречекаат Лестер на домашен терен на 26 декември, додека Тотенхем истиот ден ќе гостува во Нотингем.
Спорт
(Видео) Голчиште на Мбапе, Реал рутински се справи со Севилја
Реал Мадрид лесно и убедливо ја порази Севилја со 4:2 во 19.коло. Ова беше 12-та победа за тимот на Карло Анчелоти оваа сезона од 18 натпревари. Реал има бод помалку од лидерот Атлетико, со потсетување дека и тимовите од Мадрид имаат натпревар повеќе од моментално третопласираната Барселона.
Реал, кој неодамна ја освои светската круна, лесно се справи со Севилја, во чии редовои легендарниот Хесус Навас, ги одигра последните 25 минути во кариерата.
По првиот дел резултатот беше 3:1 благодарение на головите на Мбапе, Валверде и Родриго. Голот за гостите го постигна Ромеро.
Најсилен впечаток кај навивачите дефинитивно остави голот на Мбапе во 10. минута, кога од 18 метри го погоди горниот десен агол од голот на гостите и му донесе водство на Реал. Тоа беше 14-ти гол за Французинот во дресот на Реал Мадрид, а десетти во Ла Лига
Дијаз во 53. минута зголеми на 4:1, а гостите преку Лукебакио постигнаа уште еден утешен погодок во финишот на натпреварот.
Севилја остана на 12-тото место на табелата во сезона, во која се соочува со големи финансиски проблеми тешко може да смета на подобра позиција.