Контакт

Регион

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Објавено пред

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.

dobivaj vesti na viber

19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште „Пречко“ и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прво одделение, во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.

Тешко повредена е и неговата учителка, која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој, по нападот, побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.

На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка, која застанала пред напаѓачот со нож во раката. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорецот, некои низ вратата, објави „Индекс.хр“.

Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.

Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе ѝ била дадена психолошка помош.

Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетата наставничка, која се надевам дека ќе ја посетам кога е можно, но и од другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште во кое се случи трагедијата.

Регион

Србинка го убила сопругот со рачка од секира додека спиел: „Сакала да ѝ го префрли имотот“

Објавено пред

Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова, Србија, го убила својот сопруг со рачка од секира додека спиел, а како што се сомневаат, нејзиниот љубовник и бил соучесник, пишува српски „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Според сосед на убиениот маж од Стара Пазова, жртвата со години живеела со сопругата, која на крајот го убила.

„Таа сакала имотот да ѝ биде префрлен, но тој одбивал. Поради тоа, тие постојано се карале. Таа беше проблематична, а тој беше навистина добар човек“, рекол жител на Стара Пазова.

Ќерката на убиениот човек раскажала дека на судбоносниот ден, нејзиниот татко им испратил порака од мобилниот телефон на колегите на работа, велејќи дека нема да доаѓа на работа.

„Тоа ни беше чудно на сите нас бидејќи татко ми не знаеше да пишува пораки, знаеше само да одговара на повици. Не се појави на работа кога требаше, што значи дека пораката најверојатно ја испратила од телефонот на татко ми, жената убиец“, рекла ќерката на убиениот.

Како што пишува „Блиц“, сопругата на убиениот маж, ноќта помеѓу 17 и 18 јули во Стара Пазова, го удрила својот сопруг неколку пати по главата со дрвена рачка од секира, по што тој починал на местото на настанот.

После тоа, таа повикала маж, за кој постои сомневање дека е нејзин љубовник, а ноќта помеѓу 18 и 19 јули, двајцата го однеле телото на 60-годишникот до полски пат, каде што го оставиле. Предметите со траги од крв ги фрлиле во нива со пченка недалеку од куќата на убиениот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

„Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс

Објавено пред

Хрватскиот ветеринарски институт соопшти дека е потврден случај на антракс во Хрватска, во општината Врлика. По поморот на крави во овој регион, примероци од угинатите животни беа испратени на анализа, а резултатите потврдија дека се работи за заразна болест.

dobivaj vesti na viber

Иако претходно се претпоставуваше дека причината е труење, стручните ветеринарни служби од Загреб сега потврдија дека станува збор за заразна болест.

Повеќе од 50 говеда угинале во последниве дваесет дена.

Во лабораторија биле примени вкупно 13 примероци од угинати животни, од осум различни објекти (фарми).

– Ситуацијата е критична. Не можам ни да замислам како им е на сточарите во овој момент. Верувам дека секој ден им трае како цела година. Мораме сите да останеме прибрани. Истовремено се бориме и со африканската чума кај свињите на истокот од земјата, а веста за антракс не затекна токму за време на состанок во Осијечко-барањската жупанија за свинската чума. Ова е исклучително тешка ситуација – изјави министерот за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ, на вонредна прес конференција.

Антраксот е сериозна и ретка заразна болест предизвикана од бактеријата Bacillus anthracis и е позната уште од античко време, обично како болест на тревопасните животни.

Преживарите – говеда, кози, овци, коњи – погодени од антракс најчесто умираат ненадејно без очигледни знаци на болеста, иако некои може да доживеат зашеметување, тремор, лошо варење и тешкотии при дишењето. По смртта, трупот брзо отекува, а од телесните шуплини може да истече темен крвав исцедок.

Луѓето можат да се заразат со антракс преку кожата, со вдишување на спори или со консумирање на контаминирана храна, што резултира со развој на кожна, белодробна или цревна форма на болеста, од кои кожната форма е најчеста.

Најчест е кожниот антракс: се јавува по контакт на кожата со ткива или производи од заразени животни и се манифестира со појава на темни, безболни рани (црни пустули, кои изгледаат како мозолчиња) на изложените делови од телото, обично придружени со благи општи симптоми. Доколку не се лекува навреме, може да се прошири во крвотокот и да доведе до сепса.

Пулмоналната форма е поретка, но исклучително опасна. Се јавува по вдишување на неколку илјади спори, а болеста првично наликува на грип, но многу брзо напредува во тешка состојба со респираторни проблеми и шок, често со фатален исход.

Цревната форма се јавува по јадење заразено месо и се карактеризира со висока температура, повраќање, силна болка во стомакот и крвава дијареја, а смртноста е исто така висока без навремен третман.

Антраксот се дијагностицира со анализа на крв, брисеви од рани или спутум во лабораторија. Успехот на третманот во голема мера зависи од брзината на реакцијата. Се третира со антибиотици како што се пеницилин, ципрофлоксацин или доксициклин.

Прикажи повеќе...

Регион

На охридското крајбрежје откриена можеби најстарата населба во Европа на езеро

Објавено пред

Археолозите велат дека пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро на албанската страна од Охридското Езеро за која се верува дека е стара до 8.000 години.

dobivaj vesti na viber

Тим научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле потпрени куќите, објави „Ројтерс“. Археолозите исто така наоѓаат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детаљни резби.

Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн рече дека слични населби се пронајдени во алпскиот и во медитеранскиот регион, но населбата во Лин, Албанија, е половина милениум постара датирајќи помеѓу шест и осум илјади години.

„Органскиот материјал е добро зачуван бидејќи е под вода, што ни овозможува да откриеме што јаделе овие луѓе, што саделе“, рече Хафнер.

Неколку студии покажаа дека Охридското Езеро, кое се наоѓа помеѓу Македонија и Албанија, е најстарото езеро во Европа – повеќе од еден милион години.

Староста на наодите се утврдува со радиоизотопско датирање и дендрохронологија, која ги брои прстените на дрвјата. Од локацијата се собрани повеќе од илјада примероци од дрво. Се верува дека населбата, во која можеби живееле неколку стотици луѓе, се протегала на околу шест хектари, а сега, по шест години работа, ископан е само околу еден процент од вкупниот материјал.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа32 минути

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија1 час

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија1 час

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија1 час

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија18 часа

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија19 часа

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....

Економија19 часа

(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на...

Топ22 часа

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет23 часа

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized2 дена

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија2 дена

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија2 дена

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....