Забава
„Тој е толку убав“: фановите на Џенифер Лопез се воодушевени од нејзиниот нов телохранител
Папараците ја снимија Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече нејзиниот нов асистент и телохранител.
Социјалната мрежа Икс беше преплавена со коментари за неговиот изглед, а некои корисници изјавија дека Лопез на фотографиите изгледа „среќно покрај него“.
„Изгледа подобро покрај овој човек отколку што изгледаше покрај Бен Афлек“, „Нејзиниот нов телохранител е толку убав, тој изгледа како витез покрај неа што ја штити“, „Се надевам дека таа ќе го освои“, беа само некои од коментарите.
Според странските медиуми, овој човек почнал да работи за Лопез откако таа објавила дека се разведува од Афлек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Герасимовски: Ве чекаме вечерва на добра забава со Нокаут и диџеј Александар Јорданов, на Боемска 1
Општина Центар ги поканува сите граѓани на најдобрата новогодишна прослава во градот, вечера во 20.00 часот часот, на Боемска 1.
Забавата ќе започне со легендарниот диџеј Александар Јорданов, а Никола Перевски – Пере и Нокаут ќе ја кренат атмосферата до максимум со своите незаборавни хитови.
„Ве чекаме сите вечерва на Боемска 1 на добра журка, заеднички да ја испратиме 2024-та година. Овој концерт е одлична можност да се собереме, да се забавуваме и да ја прославиме магијата на празниците. Со сите вас да ги споделиме последните моменти од годината, а во новата да имаме многу оптимизам и радост. Заеднички да продолжиме да градиме еднакво и солидарно општество“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
Забава
(Видео) Софија Манева се враќа на музичката сцена
Поминаа доста години кога Софија беше активна на домашната сцена. Сигурно многумина од вас се сеќаваат на нејзините песни како што се: „Љубов или нешто друго“, „Лигав тип” и уште неколку други..
Но, после една таква пауза, Софија вчера најпрво на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов “Момче Македонче”, за која сними и видеоспот.
Како автори на песната се потпишуваат, односно текстописец е таткото на Софија, Перо Манев, додека пак музиката заеднички ја потпишуваат со Тони Соколов – Цока.
Видеоспотот се снимаше во срцето на турската чаршија во Скопје, а покрај Софија во него се појавуваат уште неколкумина статисти.
„После десет години го рестартирав своето студио и одлучив повторно да создавам своја авторска музика. „Момче Македонче“ е првата песна со која сакам да го најавам моето враќање на сцена. Инаку морам да споделам дека наредниов период ќе сме доста посветени на создавање нови песни и се надевам дека она што ке го понудиме ќе биде добро и освежување за македонската поп – музика и дека ќе успее да допре до сите вас на различен начин”.
Забава
Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“
Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“.
Во елегантна сина бунда, придружена со громогласен аплауз, Розга се појави пред публиката во преполната сала, а кога се качи на сцената ја испеа една од нејзините најемотивни песни „Циркус“.
„Добра вечер, добри луѓе. Веројатно можете да видите колку сум нервозна. Ви благодарам за толку убавото добредојде. Знаете, јас бев мало девојче кое сонуваше за „Сава центарот“. И еве ме. Ова немаше да се случи без вас што ми дававте љубов и огромна поддршка сите овие години“, рече Розга, едвај задржувајќи ги солзите.
„Таа љубов ќе ви ја возвратам на најдобар начин, а тоа е со песна. Ќе дадам се од себе. Уживајте! Пејте, ајде сите да застанеме на нозе”, извика таа на воодушевената публика.
Да потсетиме, Јелена со седмиот закажан концерт го собори рекордот на „Сава Центар“, кој го држеше Марија Шерифовиќ со шест закажани концерти во таа сала.
„Бројот 7 ме следи цел живот. Уште пред да го објавиме првиот концерт во „Сава центар“, сонував за 7. Среќна седмица. Ви благодарам што ги остваривте моите соништа“, изјави претходно Розга на социјалните мрежи.
Првиот и вториот концерт пејачката требаше да ги одржи на 20 и 21 декември, но ги одложи поради страшната трагедија што се случи во загрепското основно училиште каде загина 7-годишно дете.
„Згрозена и скршена од трагедијата во загрепското училиште, не можам да пеам вечерва и утре во „Сава центар“. Изразувам најдлабоко сочувство до сите кои беа трогнати од овој хорор. Концертите на 20 и 21 декември се одложени, новите термини на концертите се на 16 и 17. 1. 2025. Ќе има време за песна, сега е време за молк“, рече Розга пред неколку дена.