Спорт
Гебријел од Макаби се пресели во Панатинаикос
Венјен Гебријел потпиша договор со актуелниот европски првак Панатинаикос. Репрезентативецот на Јужен Судан, во тимот доаѓа на местото на Матијас Лесор кој минатата недела доживеа тешка повреда, поради која ќе отсуствува најмалку четири месеци.
Гебријел во Панатинаикос дојде од Макаби. За него „зелените“ платија обесштетување од 350.000 евра.
Гебријел на почетокот на сезоната го засили Макаби, но не играше многу поради повредите. Сепак во последно време успеа да одигра неколку добри натпревари.
На девет натпревари за Макаби во Евролигата, тој имаше просек од 5,8 поени и 4,7 скока по натпревар.
Како недрафтиран играч од колеџот Кентаки, Габриел играше во НБА за Сакраменто Кингс, како и Портланд, Њу Орлеанс, Бруклин, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс, Мемфис и Вакерос де Бајамон од Порторико.
Габриел е репрезентативец на Јужен Судан каде во одлично светло се покажа на Светското првенство во кошарка во Манила, како и на Олимписките игри во Париз.
Wenyen Gabriel joins the Green family!
Welcome 💪🏿☘️#WeTheGreens #paobcaktor #LiveTheGreenMagic #Club1908 #OneClubOneApp pic.twitter.com/jWD7fiuY5E
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) December 23, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хелмут Марко за Ф1-сезоната: Пресуди факторот Макс
Макс Ферстапен неодамна ја освои својата четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
Хелмут Марко, еден од советниците во Ред Бул, истакна дека пресудни биле неверојатните возачки квалитети на Холанѓанецот.
„Ако ги погледнете последните шест месеци, јасно е дека и Мекларен и Ферари беа побрзи од нас. Сепак, Ферстапен успеа да ја неутрализира разликата со одлично возење. Го имавме тој Макс фактор“, вели Марко.
Како клучен момент ја издвојува победата на Ферстапен на дождот во Бразил, кога триумфот го оствари од 16. место.
„Тоа беше неверојатно возење, доказ дека Макс е пред сите. Помогна тоа што и покрај проблемите со болидот, немавме многу технички грешки во текот на трката“, заклучи Марко.
Спорт
Фјури: Во секоја рунда ме ограбија
Британскиот боксер Тајсон Фјури уште еднаш повтори дека неправедно ја загубил борбата за светската титула против Олександр Усик.
Украинецот борбата во Ријад, по 12 рунди ја доби со едногласна одлука на судиите. Тројцата судии борбата ја бодуваа со 116:112. Фјури тврди дека судиите му ја украле победата.
„Во секоја е.ена рунда ме ограбија. Да го е.ам сите! Мислев дека победив со најмалку три рунди. Целата борба бев на предната нога. Ќе ви кажам што ќе се случи, можете да дбиете во овие држави“, рече Фјури, пренесува „Дејли Мејл“.
Што вели статистиката од борбата. Усик упатил 423 удари, 42 отсто од ударите го погодиле противникот. Фјури имаше уште 86 удари повеќе (509), но со далеку помала стапка на успех, само 28 отсто го погодиле противникот.
Инаку, ова беше втора победа за Усик оваа година над Фјури, по што ги задржа појасите во три различни категории (ВБЦ, ВБА и ВБО).
Спорт
90 min: Внисисус најдбар во Примера во 2024 година
Новинарите од шпанското издание на порталот „90min“, ги избраа и рангираа десетте најдобри фудбалери во Ла Лига оваа година.
Во текстот под наслов „Десетте најдобри играчи во Ла Лига во 2024 година – Рангирање“ се потсетува дека во првиот дел од годината Реал Мадрид ја освои титулата во шпанското првенство, а дека во финшот на годината имаат конкуренција од Атлетико и Барселона.
Реал Мадрид во 2024 година ги освои трофеите во Примера, Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА и Интерконтинеталниот куп.
Најдобар играч во Ла Лига, спроед новинарите на „90min“ е Винисиус Жуниор, добитник на наградата „Најдобар“ на ФИФА и второ рангиран во изборот за „Златната топка“.
Најдобрите играчи во Ла Лига за 2024 година, избрани од „90min#:
1. Винисиус |униор (Реал Мадрид)
2. Џуд Белингем (Реал Мадрид)
3. Ламин Јамал (Барселона)
4. Роберт Левандовски (Барселона)
5. Рафиња (Барселона)
6. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
7. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид)
8. Артем Довбик (Xирона)
9. Александар Сeрлот (Виљареал, Атлетико Мадрид)
10. Нико Вилијамс (Атлетик Билбао)