Македонија
По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам
ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.
Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година.
Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела.
„Оваа прекрасна нова авиолинија меѓу Скопје и Амстердам ќе биде одлично воздушно поврзување со главниот град на Холандија, перфектно за продолжен викенд или за одмор во градот каде што македонските граѓани ќе можат да го доживеат енергичниот град познат по својата уметност, култура, историја, архитектура и живописни пејзажи“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Оваа нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, која се воведува по речиси повеќе од 12 години, со која се поврзува Скопје со Амстердам, ќе им понуди на патниците поголеми можности за конекции и удобност, овозможувајќи повеќе опции за патување, поддршка на туризмот и обезбедување беспрекорно патничко искуство и за деловни патувања и за туристички или рекреативни патувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Вечерва, џез верзија на македонски евергрини на пјацетата кај Италијанска амбасада
Вечерва, со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. На овој настан, граѓаните ќе имаат можност да слушнат џез верзија на познатите македонски евергрини од Искра Србиновска квартет.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на добра македонска музика во пресрет на новогодишните празници.
„Вечерва заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греано вино и печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција”, изјави Герасимовски.
Македонија
Меџити: Почна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.
Договорот e во висина од 300.000 евра и истиот ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување.
Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка.
Со заемот се опфатени сите општини во Република Северна Македонија кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација.
Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата.
Македонија
Мицкоски: Направена е историска најголемата исплата за субвенции за земјоделците
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата. Само во последниот период се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат.
„Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани“, изјави премиерот.
Целта на оваа влада меѓу другото е уште повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.
„Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато“, рече премиерот Мицкоски.