Контакт

Спорт

Доделени наградите за најуспешните атлетичари во Македонија

Објавено пред

Денес се одржа свеченото прогласување на најуспешните атлетичари, тренери и клубови во Македонија за постигнувањата во атлетскиот спорт во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а беше одбележан во присуство на најдобрите и најталентирани спортски личности, како и почитувани гости како градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, голем поддржувач на атлетиката и спортот, Проф .д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, новинари и други.

По поздравните зборови на водителот, присутните ги поздрави и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска Зикова, која ја истакна успешноста на атлетиката во Македонија во изминатата 2024 година. Таа нагласи дека Македонија има бројни успеси на меѓународната сцена, со учество на Олимписките игри, Светски и Европски првенства, како и бројни рекорди поставени во различни дисциплини.

„Навистина сум среќна и горда што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории,“ истакна Војнеска Зикова во својот говор.

Признанија и награди

На денешниот настан беа доделени наградите за најуспешните атлетичари, тренери и клубови. Во различни категории, беа наградени најдобрите во младинските и сениорските категории, како и најуспешните атлетски клубови и поединци за особени придонеси во развојот на спортот.

Признанијата беа доделени во следните категории:

• Млади пионери – Тина Доневска, клуб : Работнички и Парис Златановски клуб: Куманово
• Пионери – Ева Митевска, клуб: Работнички и Дамјан Ѓоргиевски., клуб: Работнички
• Млади младинци – Лина Исени, клуб: Лириа и Брајан Авија, клуб: 7миМај
• Младинци – Mелиса Димитриоски, клуб: Дрини Старт и Владимир Битољану, клуб: Центар
• Сениори – Дрита Ислами; клуб: Работнички и Дарио Ивановски

Наградите за најуспешни атлетичари и клубови беа доделени на основа на нивните исклучителни резултати постигнати на домашни и меѓународни натпревари, вклучувајќи рекорди, освојувања медали на Балкански, Европски и Светски првенства.
Признание за најуспешен атлетски клуб за 2024 година беше доделено на Атлетски клуб Делта од Скопје. Овој клуб, кој доминираше во атлетиката на државно ниво, се истакна со 6 државни рекорди и 6 атлетичари во националниот тим.
Признанието за најдобар тренер од Европската атлетска федерација во 2024 година му беше доделено на Алим Хајредини од АК Дрини Старт за неговиот значаен придонес во развојот на атлетиката и успешната работа со атлетите.

Признание за животно дело беше доделено на Мире Ивановски, легенда на македонската атлетика и долгорочен предводник на Атлетски клуб Вардар, кој остави незаменлив траг во развојот на атлетиката во Македонија.

Свеченото прогласување заврши со заедничка слика на наградените и присутните гости.

Наградените атлетичари, тренери и клубови ќе продолжат да го носат името на Македонија на врвот во светската атлетика.
Со ова, заврши свечената програма, а Атлетската федерација на Македонија им посака успешна нова 2025 година, исполнета со нови рекорди и медали.

Честитки за сите наградени и продолжуваме да веруваме во успехот на македонската атлетика!

ПОСТИГНАТИ РЕКОРДИ ВО 2024 ГОДИНА

ЖЕНИ :

Во Сениорска категорија :

10км – Сениорки :
Адријана Поп Арсова од АК Делта со истрчани 34.42 сек го подобри сопствениот национален рекорд на 10км на пат, за време на трката Халк Еко Скопје Трча 10км одржана на 12.05.2024 во Скопје.

3000м стиплчес – Сениорки

Миљана Ристиќ од АК Делта го собори Македонскиот рекорд на 3000м стиплчес кој сега гласи 11 минути 58 секунди и 61 стотинка, поставен на Националното првенство за сениори на 18.05.2024.

Во Младинска категорија :

Ѓуле 4кг. – Младинки

Јумна Фетаху од АК 7ми Мај го собори младинскиот рекорд во ѓуле со резултат од 12.26 поставен на атлетскиот митинг во Бар, Црна гора на 06.04.2024

Јумна Фетаху од АК 7ми Мај го собори младинскиот рекорд во диск со резултат од 38.44 поставен на атлетскиот митинг во Косовска Митровица на 23.03.2024

Диск 1кг. – Младинки

Јумна Фетаху од АК 7ми Мај го собори младинскиот рекорд во диск со резултат од 38.44 поставен на атлетскиот митинг во Косовска Митровица на 23.03.2024

МАЖИ :

Во Сениорска категорија :

Маратон – Сениори

Дарио Ивановски од АК Корранерс со резултат 02:08.26 го собори сопствениот рекорд во маратон за време на мартонот за времен а интернационалниот маратон Севиља , Шпанија на 18.02.2024

Полумаратон – Сениори

Дарио Ивановски од АК Корранерс со резултат 1.04,01 го собори сопствениот рекорд во полумаратон за време на полумаратонската трка на Европското првенство во Рим на 09.06.2024.

Скок во далечина во сала – Сениори

Андреас Трајковски од АК Работнички со резултат 7,79м го собори сопствениот државен рекорд во сала за време на Балканското првенство во сала во Истанбул на 10.02.2024

400м со пречки – Сениори

Јован Стојоски од АК Охрид со резултат 52.33 секудни го собори сопствениот државен рекорд на 400м со пречки на атлетски митинг во Марибор Словенија на 19.06.2024

Десетобој – Сениори

Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 6384 поени во Десетобој го собори националниот рекорд за време на Балканското првенство во Измир Турција на 26.05.2024

Седмобој во сала – Сениори

Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 4353 поени во Седмобој го собори националниот рекорд во атлетскиот митинг во Белград, Србија 25.02.2024

Скок со стап во сала – Сениори

Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 3.65м во скок со стап го собори националниот рекорд во атлетскиот митинг во Белград, Србија 18.02.2024

2000м Стиплчес – Сениори

Леонид Вандевски од АК Делта со резултат од 6:00.49мин, го собори националниот рекорд на 2000м Стиплчес на атлетскиот митинг во Пилзхаусен, Германија 05.05.2024

4х100м Штафета

Во состав: Јован Стојоски, Андреас Трајковски, Владимир Битољану и Огнен Стефановски беше соборен државниот рекорд на 26.05.2024 на Балканското првенство во Измир Турција.

Во Младинска категорија :

100м – Младинци
Владимир Битољану од АК Центар со резултат 10.78сек, го собори младинскиот рекорд, за време на Купот на Македонија за сениори на 29.06.2024г. Скопје

200м – Младинци
Владимир Битољану од АК Центар со резултат 21.64сек, го собори младинскиот рекорд, за време на Купот на Македонија за сениори на 30.06.2024г. Скопје

Во категорија Млади Младинци :

100м – Млади Младинци
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 10.95сек, го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Балканското Првенство за Млади Младинци во Марибор, Словенија на 06.07.2024г.

200м – Млади Младинци
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 22.29сек, го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Купот на Македонија за Младинци на 14.09.2024г. Скопје

300м – Млади Младинци
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 35.12сек, го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Купот на Македонија за Пионери на 21.09.2024г. Скопје

Скок во Далечина – Млади Младинци
Брајан Авиа од АК 7ми Мај со скок од 6.94м, го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на атлетскиот митинг во Босна и Херцеговина на 17.06.2024г.

Скок во Височина – Млади Младинци
Брајан Авиа од АК 7mi Maj со резултат 2.01м, го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на атлетскиот митинг во Белград Србија на 19.01.2024г.

Во категорија Пионери :

400м – Пионери
Дамјан Ѓоргиевски од АК Работнички со резултат 51.89сек, го собори младинскиот рекорд под 16 години, за време на Купот на Македонија за Младинци на 14.09.2024г. Скопје



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек

Објавено пред

Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.

dobivaj vesti na viber

Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.

За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.

Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Игор Тудор ќе го води Тотенхем

Објавено пред

Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.

dobivaj vesti na viber

Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.

Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.

Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.

Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.

Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго

Објавено пред

Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.

Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.

Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.

Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ19 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија19 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија20 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија21 час

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија21 час

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион22 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија23 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија23 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет24 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет24 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа1 ден

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет1 ден

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет1 ден

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа1 ден

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет2 дена

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...