Свет
(Видео) Детали за драмата во Казахстан: расте бројот на преживеани патници по уривањето на авионот

По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.
Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Актaу.
Footage: Initial reports of a crash involving a passenger plane from Azerbaijan Airlines en route from Baku to Grozny, Russia, with 70 passengers on board.
The aircraft, 4K-AZ65, is an 11-year-old Embraer E-190.
– @ItayBlumental https://t.co/2nUXRqS7N8— Irene Rusman (@irusman) December 25, 2024
Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.
Генералниот конзул на Азербејџан во Актaу, Ајкан Сулејманли, рече дека засега „не можат ништо да кажат“.
Azerbaijan Airlines-AZAL 72 kişiyi taşıyan Embraer E190AR (4K-AZ65) uçağı Kazakistan’ın Aktau kenti yakınlarında düştü
Kazadan sağ kurtulanlar var
Grozni’ye inmesi planlanan uçak Makhachkala ve Aktau’ya yönlendirildi
Kardeş Azerbaycan halkının başı sağolsun pic.twitter.com/6Rb9c5VFRC— Tuyofesor (@Tuyofesor_real) December 25, 2024
„Нашите вработени се таму и јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион АЗАЛ во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.
Во гаснењето на пожарот во близина на градот Актaу, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов е загрижено Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема информации за жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ако Кина не ги укине возвратните, ќе се соочи со царини од 50 отсто

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека Кина усвоила возвратни царини од 34 отсто и дека доколку до утре не бидат укинати, ќе се соочат со дополнителни царини од 50 отсто.
„Вчера, Кина усвои возвратни царини од 34 отсто, покрај нејзините веќе рекордни царини, непарични царини, незаконско субвенционирање на компании и масовни долгорочни манипулации со валутата, и покрај моето предупредување, секоја земја што ќе се одмазди на САД со усвојување дополнителни царини, ќе се соочи со нови и значително повисоки царини, објави Трамп на неговата платформа.
Како што истакна тој, доколку Кина до утре, 8 април 2025 година, не го повлече зголемувањето од 34 отсто во однос на долгорочните трговски злоупотреби, Соединетите Американски Држави ќе воведат дополнителни царини од 50 отсто за Кина, кои ќе стапат на сила на 9 април.
„Покрај тоа, ќе бидат прекинати сите разговори со Кина што тие ги побараа со нас. Преговорите со другите земји, кои исто така побараа средби, ќе започнат веднаш“, рече Трамп, пренесе Танјуг.
Трамп воведе дополнителни царини од 34 отсто за кинески стоки како дел од високите царини за повеќето трговски партнери на Америка, со што вкупните царини за Кина оваа година достигнаа 54 отсто. Тој, исто така, ја затвори трговската дупка што дозволи пакетите со ниска вредност од Кина да влезат во САД без царина. Ова ја поттикна Кина да возврати во петокот, вклучително и со дополнителни царини од 34 отсто за сите американски стоки и ограничувања на извозот на некои „ретки минерали“, што ја ескалираа трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.
Свет
(Видео) Маск: „Не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску една до друга“

Шефот на американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), американскиот бизнисмен Илон Маск објави видео во кое ја истакнува географската близина на САД и Русија.
Маск објави видео на социјалната мрежа Икс во кое зборува за географската близина на Русија и забележува дека „не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску еден до друг“.
— Elon Musk (@elonmusk) April 7, 2025
Тој објасни дека Русија и САД ги делат само две милји, односно дека земјите ги дели Беринговиот Теснец.
„Не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску еден до друг – само две милји – и понекогаш дури и поврзани“, напиша тој во објавата.
Маск истакна дека ако се погледне внимателно, може да се видат два мали острови кои се оддалечени 3,8 километри и ја делат територијата на САД и Руската Федерација. Тој исто така забележува дека понекогаш водата меѓу островите Крузенштерн и Ратман замрзнува и границата може да се помине пеш.
„Само две милји еден од друг и уште повеќе, понекогаш дури и се поврзани. Земјите ги дели Беринговиот теснец. Но, ако погледнеме внимателно, ќе видиме два мали острови кои се оддалечени 2,4 милји (3,8 километри) и ја делат територијата на САД и Руската Федерација“, се наведува во описот на видеото.
Претходно, таткото на Илон Маск, Ерол, изјави дека Владимир Путин за него станал пример за „силен лидер на кој може да му се верува“.
Регион
Татко и син нападнале лекари во итната помош: драма во БиХ

Денеска во Итната помош Зеница се случил инцидент кога татко и син физички го нападнале медицинскиот персонал.
Сè започнало кога во установата се обратил пациент од Зеница, жалејќи се на здравствени проблеми.
Тој бил сместен во просториите каде му била укажана лекарска помош, а во меѓувреме се појавил неговиот татко Е.К. (роден 1967 г.) кој се обидел да влезе во просториите.
Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон велат дека по пристигнувањето, персоналот го предупредил дека мора да чека поради тековните медицински процедури, пренесуваат тамошните медиуми.
Но, по вербален судир со медицинскиот персонал, Е.К физички ги нападнал и лекарот и тројца техничари. Набрзо му се придружил и синот кој бил пациент во оваа установа.
Ситуацијата потоа се смирила, додека вработените повикале полиција.
По пристигнувањето, полицајците ги привеле таткото и синот, додека лекарот и тројца техничари се здобиле со полесни повреди.
За настанот бил известен дежурниот обвинител, а таткото и синот се приведени поради сомнение за сторено кривично дело насилничко однесување и загрозување на сигурноста. За утре е најавена криминалистичка обработка на случајот, пренесува „Српска инфо“.