Свет
Израел и Хамас се обвинуваат за попречување на преговорите за прекин на огнот
Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за нарушување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, откако Израел ги повлече своите преговарачи од разговорите во вторникот.
Израелските медиуми во средата објавија дека одбивањето на палестинската исламистичка милиција Хамас да го предаде списокот со имињата на заложниците што сè уште ги држи го попречува напредокот во разговорите.
По повеќе од една недела интензивни разговори, со посредство на Катар, Египет и САД, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот ги отповика преговарачите, велејќи дека треба да се одржат внатрешни консултации за продолжување на разговорите.
Според извештаите, извори од Хамас рекле дека се подготвени да предадат список на заложници кои би можеле да бидат ослободени во првата фаза по прекинот на огнот, но го одбиле барањето на Израел да го предаде целосниот список на 100-те заложници за кои се вели дека се уште се живи. .
Хамас го обвини Израел дека ги блокира преговорите.
Хамас вчера соопшти дека Израел „воведе нови услови поврзани со прашањата за повлекување (од Газа), прекин на огнот, затвореници и враќање на раселените лица, што доведе до одложување на постигнувањето договор што е на дофат“.
Милицијата рече дека „покажала одговорност и флексибилност“.
Кабинетот на Нетанјаху одговори на обвинувањата: „Терористичката организација Хамас продолжува да лаже, се откажува од веќе постигнатите договори и продолжува да создава тешкотии во преговорите“.
И покрај тоа, канцеларијата додаде: „Израел ќе настојува да ги врати сите заложници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина ѝ го испрати на Сирија пакетот прва помош во форма на храна
Украина, главен светски производител и извозник на жито и маслодајни семиња, ја испрати првата серија помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски истакна дека во наредните недели се планира пченично брашно да биде поделено на 33.250 семејства или 167.000 луѓе.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Свет
Штајнмаер го распушти Бундестагот, парламентарните избори во Германија на 23 февруари
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го распушти Бундестагот и најави предвремени парламентарни избори за 23 февруари 2025 година.
„Во тешки времиња потребна е функционална влада“, рече Штајнмаер во објаснувањето на својата одлука.
„Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за благосостојбата на нашата земја“, изјави Штајнмаер, пренесуваат германските медиуми.
Политичките партии во Германија веќе се договорија датумот на избори да биде 23 февруари, но за тоа беше потребно распуштање на Бундестагот во согласност со член 68 од германскиот Устав.
Минатиот понеделник канцеларот Олаф Шолц побара доверба од Бундестагот и го загуби гласањето откако се распадна владејачката коалиција, пренесува „Танјуг“.
Тој тогаш му предложи на сојузниот претседател Бундестагот да се распушти и со тоа да се отвори вратата за нови избори, а според Уставот, сојузниот претседател тоа може да го направи во рок од 21 ден, но не е должен да го стори тоа.