Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 23.9103 и географска должина 121.8454.
Хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 5,3 километри под површината на земјата, на 121 километар од градот Таичунг, кој има милион жители.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош.
Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, што Киев ја почна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации.
Планирано е брашното да биде поделено на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели.
Секој пакет е тежок 15 килограми и може да прехрани петчлено семејство еден месец, рече Зеленски.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој беше близок руски сојузник, Зеленски рече дека Украина сака да ги обнови односите со Дамаск, според „Ројтерс“.
Свет
Зеленски: Украина ѝ го испрати на Сирија пакетот прва помош во форма на храна
Украина, главен светски производител и извозник на жито и маслодајни семиња, ја испрати првата серија помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски истакна дека во наредните недели се планира пченично брашно да биде поделено на 33.250 семејства или 167.000 луѓе.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.