Свет
На Американците им здодеа политиката, сè помалку ги следат вестите
Податоците за гледаноста на телевизијата, како и новата анкета на Асошиетед прес и Американскиот центар за истражување на јавното мислење (NORC), покажуваат дека околу две третини од полнолентите Американци велат дека неодамна почувствувале потреба да го ограничатследењето на вести за владата и политиката поради преоптовареност нпренесува Гласот на Америка.
Помал е процентот на Американци кои го ограничиле своето следење на вестите за конфликти во другите делови на светот, економијата или климатските промени, според истражувањето.
Истражувањето, спроведено на почетокот на декември, покажа дека околу седум од 10 демократи велат дека помалку ќе следат политички вести, а процентот не е толку висок за републиканците. Сепак, околу шест од 10 републиканци посочија дека и тие чувствуваат потреба да направат пауза, а процентот е сличен и кај независните гласачи.
Разликите се многу поголеми кога станува збор за телевизиските мрежи кои се преокупирани со политички вести. По изборната ноќ, на 5 ноември, до 13 декември, гледаноста на MSNBC во ударниот термин била во просек за 54 отсто помала во однос на предизборниот период годинава, велат од компанијата „Нилсен“.
Во истиот временски период, просечната гледаност на CNN падна за 45 отсто. На каналот „Фокс њуз“, омилената информативна мрежа на поддржувачите на Трамп, постизборниот просек од 2,68 милиони гледачи е за 13 отсто поголем, покажуваат податоците на компанијата „Нилсен“.
Анкетата покажа и дека Американците генерално сакаат јавните личности помалку да зборуваат за политика, пренесува Танјуг.
По изборната кампања, во која гласовите на познатите личности како Тејлор Свифт дојдоа до израз, истражувањата покажаа дека Американците не одобруваат почесто отколку кога познати личности, големи компании и професионални спортисти да зборуваат за политика, пишува Гласот на Америка. Во истражувањето спроведено од 5 до 9 декември учествувале 1.251 возрасни лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

