Спорт
(Видео) Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во НБА-кариерата
Лука Дончиќ (25) на Божиќ го напушти натпреварот Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс поради повреда со која се здоби на две ипол минути до крајот на втората четвртина.
Далас објави колку е сериозна повредата на Дончиќ. Далас еден месец ќе биде без најдобриот играч, поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога.
Luka Doncic went back to the locker room after an apparent injury on this play. pic.twitter.com/R8xlcLdeHQ
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 25, 2024
Ова е најтешката повреда во НБА кариерата на Дончиќ. Никогаш досега не се случило да не игра еден месец. Далас ќе одигра 17 натпревари во тој месец, што значи дека Дончиќ за првпат во кариерата ќе биде под 65 одиграни натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/20, која беше скратена поради коронавирусот).
Поради ова, тој нема да се натпреварува за индивидуални награди како што е МВП или за вклучување во Ол-НБА тимот.
Словенецот на 22 одиграни натпревари сезонава има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи и 11 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Парма во 98.минута ја реши Монца, Џенова победи во Емполи
Фудбалерите на Парма ја совладаа Монца со 2:1, додека Џенова со истиот резултат го победи во Емполи.
Со натпреварите од 15 часот меѓу споменатите екипи и официјално започна 18. коло во италијанската Серија А, последно оваа година.
Парма не ги доживува баш најславните денови од својата историја, но за пофалба е што ја постигна четвртата сезонска победа, иако беше против инфериорната Монца, која е последна на табелата поредокот.
„Млекарите“ победија со 2:1, а стрелци беа Ернани во 56. минута од пенал и Валенти, кој ги реши сите прашања во 98. минута од натпреварот.
Единствен стрелец за гостинскиот тим беше Переира во 85. минута. Монца играше со играч помалку од 54. минута, кога Мари го доби вториот жолт картон.
Емполи беше домаќин на Џенова, гостите славеа со 2:1.
Гостите поведоа во 46. минута со голот на Бадељ, а Екубан во 68. минута зголеми на 2:0. Емполи успеа да го ублажи поразот и намали на 2:1 со голот на Еспосито во 74. минута.
Спорт
Дуран ќе пропушти три натпревари
Фудбалскиот клуб Астон Вила денеска потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран е одбиена.
Како што е познато, Дуран заработи црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот од 3:0.
Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и натпреварот од ФА Купот со Вест Хем на 10 јануари.
Колумбискиот напаѓач ќе му биде на располагање на Унаи Емери за гостувањето кај Евертон на 15 јануари.
Добра вест за Вила е што Оли Воткинс се враќа во тимот и ќе биде на располагање за претстојните натпревари.
Спорт
Кирјос за Синер и Швјонтек: Интегритетот на тенисот е на најниско ниво
Ник Кирјос вели дека случаите на допинг на Јаник Синер и Ига Швјонтек кои го потресоа тенискиот свет се „одвратни“. Кирјос повторно остро зборуваше за луѓето кои треба да носат одлуки во интерес на спортот.
Светскиот рекет број еден Јаник Синер двапати падна на допинг тест, но мина без казна. Сега чека на одлуката на Судот за спортска арбитража, кој ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција.
Ига Швјонтек, беше суспендиран на еден месец по позитивен допинг тест.
„Мислам дека начинот на кој нашиот спорт се справи со ова е ужасен. Најдобрите во машка и женска конкуренција беа позитивни на допинг тест, тоа е одвратно за нашиот спорт. Тоа изгледа страшно“, им рече Киргиос на новинарите во Бризбејн.
„Интегритетот на тенисот, сите го знаат, и никој не сака да зборува за тоа, е на најниско ниво. И тоа не е во ред. Знам дека на луѓето не им се допаѓа кога зборувам за тоа, кога сум искрен. Но, како дете кое пораснало играјќи тенис, кое ужива да се натпреварува, да игра… можам емотивно да реагирам. И да го фрлам рекетот. Но, тоа не е ништо во споредба со мамење и земање лекови кои не се дозволени. Мислам дека тоа е смешно“, додаде Австралиецот.