Спорт
(Видео) Јокиќ не може сам, Лесна победа за лидерот Кливленд во Колорадо
Никола Јокиќ продолжува да пишува историја во НБА, но неговиот фантастичен настап не беше доволен за да ги спаси Денвер Нагетс од нов пораз. Нагетс на натпреварот против лидерот во НБА, Кливленд Кавалирс примија дури 149 поени и запишаа пораз од 149:135.
Јокиќ се истакна со 27 поени, 14 скока и 13 асистенции, остварувајќи го својот 142. трипл-дабл во кариерата. Јокиќ ја забележа оваа импресивна статистика во третата четвртина, но ниту тоа не беше доволно за да ги запре разиграните Кавс Заедно со Јокиќ се истакна и Џамал Мареј со 27 поени и 11 асистенции, а Портер и Вотсон додадоа по 18 поени.
Сепак, ниту солидна екипа не можеше да ја надомести низата од 16:0 што ја направи Кливленд на крајот од втората четвртина, која целосно ја презеде контролата врз играта. Нагетс оттогаш не успеаја да ја намалат разликата под двоцифрена.
Кавалирс доминираа во шутото за три поени, тие станаа вториот тим во историјата на НБА кој постигнал 20 или повеќе тројки во четири последователни натпревари. Пред нив, само Бостон успеа да го направи тоа минатата сезона.
Донован Мичел одигра одлично за победничкиот тим, имаше 33 поени (10/17 од поле), 5 скока и 6 асистенции. Кливленд дури тројца играчи со повеќе од 20 поени. Еван Мобли го заврши натпреварот со 26 поени, 5 скока и 6 асистенции, центарот Џерет Ален додаде 22 поени и 10 скока, а плејмејкеротт Дариус Гарланд заврши со 25 поени и 7 асистенции.
Кливленд продолжува да доминира оваа сезона, го имаа најдобриот учинок во лигата со 27 победи и 4 порази.
Резултати
Орландо – Њујорк 85:108
Бостон – Индијана 142:105
Бруклин – Сан Антонио 87:96
Хјустон – Минесота 112:113
Њу Орлеанс – Мемфис 123:132
Денвер – Кливленд 135:149
Феникс – Далас 89:98
Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 102:92
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чеферин прогласи победа над Суперлигата
Во Брисел, пред ждрепката за Лигата на нации, овој четврток се одржа Конгресот на УЕФА, каде што претседателот Александар Чеферин ја одржа својата презентација.
Најважната порака што ја испрати од говорницата е дека Суперлигата на Европа е официјално поразена.
Во среда, УЕФА постигна договор со Реал Мадрид, а претходно и Барселона се повлече од проектот, ставајќи крај на обидот за формирање паралелно елитно натпреварување.
„Воодушевен сум затоа што Барселона и Реал Мадрид се вратија во нашето семејство. Вистина е дека сите бевме уморни од сè, но УЕФА никогаш не ја изгуби меѓусебната почит со Флорентино Перез, иако имавме различни мислења. Единствениот победник мора да биде фудбалот. Му се заблагодарувам и на Насер Ал Келаифи, кој беше клучен за нашето повторно обединување“, рече Чеферин.
Претседателот на УЕФА ја искористи можноста да испрати силни пораки надвор од самата Суперлига.
„Федерациите стануваат заложници на политиката. Во Европа, нема да прифатиме фудбалот да служи како оружје. Денес, единството се соочува со големи предизвици“, рече Чеферин.
Тој ја отфрли тезата дека фудбалот мора радикално да се промени за да ја привлече помладата генерација.
„Некои велат дека фудбалот мора да се промени за да преживее меѓу младите, но грешат. Младите не му го свртеле грбот на фудбалот, тие сè уште ги полнат стадионите. Во светот на екраните и вештачката интелигенција, ниту еден алгоритам или бот не може да го замени чувството за тоа што се случува на теренот. Фудбалот е реален и затоа неговата иднина е светла“, нагласи првиот човек на УЕФА.
Чеферин особено истакна дека реформите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и воведувањето на Конференциската лига, беа вистинскиот потег.
„Многумина се сомневаа во нас, велеа дека ќе пропаднеме, но натпреварувањата сега се подобри и поконкурентни. Моделот беше развиен одговорно и придонесе за зголемување на публиката, приходите и конкурентноста. Оваа сезона, речиси 450 милиони евра ќе бидат дадени на клубовите надвор од групните фази на нашите натпреварувања“, откри Чеферин.
Првиот човек на европскиот фудбал се осврна и на развојот на женскиот фудбал, потсетувајќи дека Европското првенство во Швајцарија минатото лето привлече повеќе од 650.000 навивачи на стадионите.
Во пресрет на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Чеферин нагласи дека фудбалот не смее да се дели помеѓу клубови и национални тимови.
„Фудбалот напредува преку национални тимови и клубови, а играчите не треба да избираат помеѓу едното или другото. Фудбалот не е инструмент на моќ, тој е заедница, а не производ. УЕФА останува посветена на тој принцип и знае каде се границите“, рече тој.
Чеферин, исто така, се спротивстави на идејата за играње натпревари од националните првенства надвор од матичните земји, алудирајќи на обидите од Шпанија.
„Домашните првенства црпат сила од своите навивачи. Нивниот извоз би ја ослабнал врската и лојалноста. Не можете да им го одземете фудбалот на луѓето во нивните заедници. Повеќе од 55 милиони луѓе го поддржуваат фудбалот и сè започнува на локално ниво“, заклучи Чеферин.
Foto/ EPA
Спорт
Карлсон ја прегази конкуренцијата на 10 километри, Цветановска заврши на 105-то место
Неверојатната Швеѓанка, Фрида Карлсон ја прегази конкуренцијата во трката на 10 километри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. На оваа трка настапи и македонската репрезентативка, Ана Цветановска.
Карлсон го освои вториот златен медла на овои Зимски олимписки игри, со најбрзата трка во историјата на светските првенства и олимписките игри. Карлсон во целта забележа време 22.49.2.

Речиси 47 секунди зад неа беше сонародничката Еба Андресон (+46.6), додека бронзениот медал го освои 34-годишната Американка, Џесика Дигинс (+49.7).
Цвенановска на крајот во конкуренција на 111 натпреварувачки го освои 104-то место, со време од 31.32.4., односно за осум минути и 43 секунди послаб резултат од победничката Карлсон.
Foto/ facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
Спорт
Емил Рајковиќ замина од Тофаш
Македонецот, Емил Рајковиќ, повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Тофаш. Клупските челници, решија да се разделат со Рајковиќ, поради серијата лоши резултати.
Рајковиќ го презеде клубот на почетокот на сезоната, започна добро, но како што одминуваше сезоната резултатите беа се полоши и полоши. Во турското првенство, Тофаш, во конкуренција на 16 екипи, се наоѓа на 10-то место со осум победи и 11 порази. Бурса се наоѓа во серија од четири порази.
Разочарувачки настап Бурса има и во Лигата на шампионите, има една победа по четири одиграни натпревари.
Фото/ Архива, Топспорт

