Спорт
Дуран ќе пропушти три натпревари
Фудбалскиот клуб Астон Вила денеска потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран е одбиена.
Како што е познато, Дуран заработи црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот од 3:0.
Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и натпреварот од ФА Купот со Вест Хем на 10 јануари.
Колумбискиот напаѓач ќе му биде на располагање на Унаи Емери за гостувањето кај Евертон на 15 јануари.
Добра вест за Вила е што Оли Воткинс се враќа во тимот и ќе биде на располагање за претстојните натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Португалецот го напушти Наполи
Португалскиот фудбалер Марио Руи повеќе не е член на Наполи, соопшти италијанскиот клуб.
„Наполи и Марио Руи објавуваат дека заеднички се договориле да го раскинат постоечкиот договор почнувајќи од 30 декември 2024 година. Наполи му се заблагодарува на Марио за неговите напори во текот на годините поминати во нашиот дрес и му посакува се најдобро до крајот на кариерата“ се вели во соопштението на клубот.
Руи (34) пристигна во Наполи во летото 2017 година и одигра 227 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна три гола.
Тој даде голем придонес во освојувањето на титулата шампион на Италија во сезоната 2022/23.
Португалецот оваа сезона нема одиграно ниту една минута за Наполи, па раскинувањето на договорот е логичен редослед на настаните.
Спорт
Хорхе Мартин: Дукати не е вистинското место за мене
Годината која полека изминува донесе спектакуларна борба за шампионската титула во карската класа во Мото ГП шампионатот. Јасно е дека иднината ќе ја покаже вистинската вредност и историската титула на Хорхе Мартин. Шпанецот стана првиот возач во Мото ГП ерата кој ја освоил титулата во најсилната категорија како возач на приватен тим.
Возачот на Прамак за 10 бода го победи бранителот на титулата Франческо Бањнаја, кој 11 сезонава забележа 11 победи. Но, иако сега трикратниот светски шампион ја покажа својата најдобра верзија од себе на патеката во 2024 година, тој исто така направи премногу грешки и не можеше да му парира на Мартин, кој ја подигна конзистентноста на ново ниво.
Уште пред да започне сезоната, беше јасно дека Мартин ќе го напушти Прамак, бидејќи рече дека е време да стане фабрички возач. Се претпоставуваше дека тој ќе се пресели во фабричкиот тим на Дукати, дека ќе биде тимски колега со Бањаја.
Но работите се сменија по дебаклот што се случи во Муџело, кога Дукати се реши да го ангажира Марк Маркез. На прашањето како се чувствува кога сфати дека нема да добие место во Дукати и дека мора да оди на друго место, новиот шампион во интервју за „Спорт клуб“ одговори:
„Сигурно не размислував за тоа пред да започне сезоната. Бев најдобриот од возачите на Дукати, чувствував дека сум многу подобар од другите, многу блиску до Пеко, секогаш мислев дека ќе завршам во фабричкиот тим на Дукати.
Но, кога требаше да потпишам договор со Дукати, по неделната трка во Муџело нешто се смени, некој дојде и ја смени одлуката. Не можев да го контролирам тоа, ништо не зависеше од мене, па ми беше лесно да ја сменам одлуката.
Вечерта веќе имав донесено одлука за мојата иднина. Можеби на моите најблиски им беше потешко да го прифатат, да го разберат, но мене ми беше лесно. Никогаш не би очекувал на почетокот на сезоната дека следната сезона ќе бидам во Априлија, но така стојат работите, промените се лесни на овој свет. И навистина сум среќен бидејќи по таа промена на одлуката на Дукати сфатив дека тоа не е местото за мене. Се обидов да покажам нешто што тие не го сакаа, а после сето тоа бев поопуштен и посреќен за мојата иднина“.
Мартин истакна една исклучително важна работа, покажа максимум во однос на она што беше побарано од него за да добие место во Дукати, но на крајот тоа не беше доволно.
„Јас навистина не знам… Бев вицешампион минатата сезона, во тој момент водев во првенството со две победи. Секако, одлуката не беше за тоа што го прикажав, туку беше повеќе маркетинг или некоја друга приказна што немаше врска со перформансите на патеката, нешто што јас не можев да го контролирам. Повеќе не ми е грижа. Во оваа сезона сфатив дека мојата цел не е само резултат, тоа е повеќе од тоа, а тоа е да научам многу, многу да се подобрувам, да се трудам постојано да го давам максимумот“.
Спорт
Рома ќе остане без капитенот
Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома, се наоѓа пред заминување од клубот во кој ја започна кариерата.
Италијанскиот репрезентативец е во лоша форма и моментално не дел од стартната постава. Тој е незадоволен и сака да ја промени го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
За него се заинтересирани Интер, Наполи и Фиорентина, но Пелегрини сака да се испроба во англиската Премиер лига.
Лоренцо ги мина сите младински категории на Рома, а покрај за „Волчицата“ играше само за Сасуоло од 2015 до 2017 година.