Македонија
ДУИ: Мицкоски го користи своето влијание за демонизација на политички опоненти
Кога премиерот на една држава го користи своето влијание за демонизација на политички опоненти, наместо да ги адресира вистинските кризи, тоа е аларм за целото општество, реагира ДУИ преку соопштение.
„Нападите врз ДУИ не се ништо друго освен обид да се прикрие неспособноста на владата да се справи со сериозно нарушените меѓуетнички односи, растечката инфлација, неуспехот во европските интеграции и континуираното назадување на државата.
Ова е стратегија на слабост – да создадеш непријател таму каде што го нема, за да го одвлечеш вниманието од вистинските проблеми.
Но, граѓаните не се наивни.
Тие гледаат како премиерот го користи своето време и ресурсите на државата за лични реваншизми, додека училиштата, болниците и економијата тонеат.
Премиерот Мицкоски очигледно ги има помешано своите надлежности.
Наместо да се грижи за стандардот и перспективата на граѓаните, тој се поставува во улога на обвинител и судија, истовремено прогласувајќи виновници без да има процес во кој ќе се докаже вината или невиноста.
Ова не само што е спротивно на демократските принципи, туку и покажува опасен тренд на заробување на институциите за лични цели.
Најголемата опасност од реториката на Мицкоски е што таа целно го поткопува Охридскиот рамковен договор – темелот на стабилноста, мирот и иднината на Македонија.
Неговите зборови не се само политички напад; тие се напад врз заедничката визија на сите граѓани за европска Македонија.
Наместо да биде премиер за сите, Мицкоски избира да биде премиер на поделби и омраза.
Тврдењата за „радикализација“ и „милитаризација“ на ДУИ се толку лажни и провидни што дури и неговите сопствени поддржувачи гледаат низ нив.
Тоа е класична тактика на политичари кои немаат резултати – да создадат лажни кризни сценарија и да ги користат институциите за политички прогон.
Но, премиере, вашите манипулации имаат граница.
Северна Македонија не е ваша играчка, а граѓаните не се ваши пиони.
Демократските принципи што ги поткопувате денес ќе ве стигнат утре, затоа што граѓаните ќе го направат вистинскиот избор.
ДУИ нема да дозволи да биде жртва на вашите тактики.
Ние остануваме цврсто посветени на мирот, стабилноста и европската иднина на Македонија.
Оние кои работат против овие цели ќе бидат препознаени и осудени од граѓаните, кои бараат обединетост, а не поделби.
Господине Мицкоски, вашата реторика веќе нема тежина.
Граѓаните знаат кој работи за нивната иднина, а кој ги користи за лична агенда.
ДУИ останува гласот на стабилноста, развојот и интеграцијата.
Северна Македонија ќе оди напред – со вас или без вас“, се вели во реакцијата на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Коалицијата Менуваме“ ќе предложи закон за онлајн регистар за деца и млади со попреченост
„Коалиција Менуваме“ соопшти дека подготвила нацрт-закон за онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби кој го споделува во јавноста за консултации и сугестии, по што ќе го достави во Собранието, Владата и во неколку министерства.
„Коалиција Менуваме“ соопшти дека регистарот е дизајниран исклучиво за подобрување на институционалната координација, обезбедување континуитет на поддршката, намалување на административната дупликација и овозможување развој на информирани јавни политики преку агрегирани и анонимизирани податоци. Во сите фази од неговото воспоставување и употреба, како што наведува, регистарот целосно ќе ја почитува заштитата на личните податоци, приватноста, минимизирањето на податоците и ограничувањето на намената, во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди. Посочува и дека законот што го подготвиле не воведува нови механизми за категоризација или надзор ниту, пак, создава јавна база на податоци.
-Напротив, воспоставува строги контроли на пристап, јасно дефинирани институционални одговорности и робусни заштитни мерки за спречување на злоупотреба, неовластен пристап или откривање на чувствителни информации. Децата и лицата со попреченост и посебни потреби се меѓу најранливите членови на општеството и им е потребна навремена, координирана и континуирана поддршка од повеќе институции. Остварувањето на нивните законски загарантирани права често зависи од ефикасноста, точноста и интероперабилноста на административните, социјалните, образовните, здравствените и другите јавни институции. Во огласност со принципите на човеково достоинство, еднаквост, недискриминација и најдобриот интерес на детето и лицето, овој нацрт-закон воспоставува онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби како безбеден, централизиран и нејавен електронски систем, се наведува во соопштението.
Јавната кокуникација за одготвениот нацрт-закон, додава „Коалиција Менуваме“ ќе биде ограничена на општа, објаснувачка и образовна содржина, обезбедувајќи целосно заштита на достоинството, приватноста и правата на децата и лицата со попреченост и посебни потреби.
-Со донесувањето на овој закон, Република Северна Македонија ја потврдува својата посветеност на инклузивно управување, дигитална одговорност и создавање систем кој одговара на реалните потреби на децата и лицата со попреченост и посебни потреби, ставајќи ги нивните права, достоинство и благосостојба во центарот на јавното дејствување, стои во известувањето.
Македонија
Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија
Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац. Притворот им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д. односно поради опасност од бегство, за да не се влијае врз сведоците, за да не се повтори кривичното дело и поради можно нарушување на јавниот ред и мир, соопштија од тој суд.
Јавното обвинителство за организиран криминал претходно вечерва објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.
Со оглед на тоа што осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на оваа организирана криминална група, е во бегство, до судијата за претходна постапка е поднесен предлог за издавање потерница против него, вклучително и меѓународна.
Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Македонија.
Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогат преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја земал за понатамошна продажба.
Оваа акција се смета за најголема заплена на дрога во историјата на српската полиција – претходната најголема заплена беше 1.960 килограми.
Македонија
Забрана за сообраќај поради снег на камиони од утрово на патот Маврово – Дебар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.
Како што информираат АМСМ и ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради врнежи од снег од 5.45 часот е воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

