Црна хроника
Прегазена 61-годишна битолчанка
Вчера во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(47) од Битола, удрило во З.Д.(61) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил изгоре на патот Струмица-Дабиле
Синоќа во 23:30 часот на патот Струмица-Дабиле е пријавен пожар во кој изгорел автомобил, соопштија од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Според информациите добиени од пожарникарите, во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари. Кога пристигнале на местото пожарот веќе бил во разгорена фаза.
Од ТППЕ додадоа дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, огнот бил локализиран и изгаснат за кратко време.
Црна хроника
Малолетник, жена и полицаец пренесени на Клиника по пожарот во куќа во Скопје
Вчера во 10:16 часот, Е.Ј.С. од Скопје пријавила дека на улицата Александар Македонски во Скопје избувнал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С. (49) од Скопје. Во моментот на настанот, во куќата се наоѓале 12-годишниот син на пријавителката и нејзината мајка, В.Ј.
„По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници на СВР Скопје, двата лица беа успешно извлечени од куќата и пренесени со Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заради вдишување на чад“, изјавија од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, исто така, и еден полициски службеник бил изложен на чад и бил пренесен во болница за да му укажат лекарска помош, но неговата состојба е стабилна.
Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а од страна на полицијата се преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Јавен обвинител е известен за настанот, а увид бил извршен од увидната екипа на СВР Скопје.
„Нема повредени лица, а пожарот е целосно локализиран“, додаваат од МВР.
Црна хроника
27-годишна кратовка паднала од зграда во Скопје, девојката починала на самото место
Вчера попладне беше пронајдено безживотното тело на 27-годишната М.Ф. од Кратово на улицата Миле Поп Јорданов, каде што девојката престојувала во главниот град.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот бил пријавен во полиција во 16:12 часот.
„Полициски службеници излегоа на местото на настанот и беше потврдено дека станува збор за пад од висина. Лицето беше пронајдено починато, што беше констатирано од екипата на Итната медицинска помош. По насоки од јавен обвинител, телото на починатата беше предадено за обдукција. Од полицијата додаваат дека во тек е истрага за расчистување на околностите поврзани со случајот“, информираа од МВР.
Мотивите за несреќата засега остануваат непознати, а дополнителни детали ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.