Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Струмица

Синоќа во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.