Свет
(Видео) Кирибати и Нов Зеланд ја пречекаа 2025 година

Новата година пристигна на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан. Во Нов Зеланд пристигна 2025 година.
HAPPY NEW YEAR EARTH🎇🎇🎇
Kiritimati Island, Kiribati was the First to see 2025 right now.
HAPPY NEW YEAR EVERYONE 🎇🎊🎊
Welcome to 2025.♡ pic.twitter.com/Nh8kUgw0ho— ☘︎ (@wordsprom) December 31, 2024
Новата година во Окленд ја дочекаа со огномет, со кој беа почестени домородните племиња, јавува Би-би-си.
2025 has just arrived!
The first places to ring in the new year are Kiribati and the Christmas Islands, which have just hit midnight!
Meanwhile, Sydney in Australia has kicked off its celebrations with the 9pm fireworks display, to give a taster of what’s to come! #SydNYE pic.twitter.com/yEUiC9YLQ2
— Matthew Joyce (@ItsMatthewJoyce) December 31, 2024
Во соседна Австралија во пристаништето во Сиднеј ќе биде пречекана со традиционален огномет на кој ќе присуствуваат околу милион луѓе. На приемот ќе настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а музика ќе биде употребена и за да им се оддаде почит на домородните племиња на таа земја.
По Кирибати, Новата година ќе пристигне на далечниот исток на Азија, во Австралија, потоа преку Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји ќе дојде во Европа и Африка, за да продолжи преку Атлантикот до двата американски континента до Пацифичките острови Хаваи, Американска Самоа, Ниуе и островите Мидвеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Мировен договор за Украина мора да се постигне до 8 август

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека очекува договор за завршување на руската војна во Украина да се постигне најдоцна до 8 август, соопштија денеска САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е за постигнување договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека тоа мора да се случи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да го обезбедат мирот“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот.
Трамп пред два дена најави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку Москва не покаже напредок кон завршување на војната во Украина. Киев и Москва досега одржаа три рунди разговори во Истанбул, кои резултираа со размена на затвореници и тела, но без конкретен напредок во смирувањето на војната што трае речиси три и пол години.
Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, порача дека Русија планира да ги продолжи преговорите во Истанбул, но се пожали дека „на Запад и понатаму постои страна што ја поддржува војната“.
„Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои сметаат дека дипломатијата е само начин да се критикува Русија и да се врши притисок врз неа“, рече Пољански.
Заменичката на украинскиот амбасадор во Обединетите Нации, Кристина Хајовишин, истакна дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“.
„Бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН – и ништо помалку. Повторуваме дека целосно, итно и безусловно примирје е клучно. Тоа е првиот чекор кон запирање на руската агресија врз Украина“, рече таа пред Советот за безбедност.
Свет
Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

Светската метеоролошка организација (WMO) денес објави дека регистрирала рекордно долг удар на молња од 829 километри во САД. Молња удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици, пишува Франс Прес.
„Се протегала од Источен Тексас до Канзас Сити, покривајќи растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција“, соопшти организацијата.
Комитет составен од единаесет научници од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди тој рекорд.
Претходно беше задржан од удар на гром долг 768 километри од април 2020 година, исто така во САД, помеѓу Мисисипи и Тексас.
Блесокот на гром што се гледа денес „не беше откриен за време на првичната анализа на бурата во 2017 година, туку беше откриен за време на повторената проценка“, велат метеоролозите.
Свет
(Видео) Борбен авион се урна во Калифорнија, пилотот успешно се катапултираше

Американски борбен авион „Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна станица Лемур во централна Калифорнија, објави денес американската морнарица.
„Пилотот успешно се катапултираше и е безбеден“, се вели во соопштението на морнарицата во Лемур.
A US Navy F-35 fighter jet crashed in central California near Naval Air Station Lemoore on Wednesday, CNN reported, citing a Navy press statement. This marks the second F-35 crash this year. A US Air Force F-35A crashed during a training mission in Alaska earlier in January. pic.twitter.com/zxG0n8phuS
— Global Times (@globaltimesnews) July 31, 2025
Деталите за несреќата не се објавени. Причината за несреќата е под истрага, се вели во соопштението.
Американската компанија Локид Мартин, која ги произведува борбените авиони Ф-35, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, изјави дека е запознаена со инцидентот со Ф-35 во поморската воздухопловна станица Лемур.