Спорт
Зиркзе синоќа во солзи го напушти „Олд Трафорд“, утрово порача дека повеќе не сака да игра за Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед иноќа доживеа уште еден дебакл. „Црвените ѓаволи“ загуби оад Њукасл на домашен терен и прав пат по 1962 година завршија месец без победа, со пет порази.
Њукасл мечот на „Олд Трафорд“ го реши во првите 20 минути со головите на Александер Исак во четвртата и Жоелингтон во 20.минута.
Натпреварот го обележа и моментот од 33.минута, кога менаџерот Рубен Аморим реши да го повлече од теренот холандскиот напаѓач, Џошуа Зиркзе. Холанѓанецот доби жестоки свирежи од трибините, па со солзи во очите веднаш се упати во соблекувалната. Неколку минути подцна тој се врати на клупата за резерви.
Утрово Зиркзе го возврати ударот, според англиските медиуми, контактирал со челниците на клубот и јасно им кажал дека повеќе не сака да игра за Манчестер јунајтед и дека сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Зиркзе летово пристигна во клубот, Јунајтед на Болоња и плати 42.500.000 евра за неговиот трансфер. Одигра 27 натпревари постигна четири гола и забележа две асистенции.
Медиумите во Англија пишуваат дека Зиркзе сериозно ги разгледува понудите кои ги има, а познато е дека го посакуваат неколку клубови од Италија.
Во моментов Зиркзе најмногу се поврзува со Јувентус, на чија клупа седи неговиот тренер од Болоња, Тијаго Мота.
Покрај клубови од Италија, интерес за 23-годишниот фудбалер покажа и Астон Вила, но негова примарна цел е враќање во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.
Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.
Спорт
Влаховиќ прави трансфер во Баерн Минхен?

Душан Влаховиќ ја започна сезоната во голема форма со Јувентус, но се чини дека неговото заминување од клубот од Торино е само прашање на време.
Алегри го посакуваше Србинот во своите редови на „Сан Сиро“, но трансферот не се реализираше. И Диего Симеоне го имаше Влаховиќ на радарот, но и од тоа не произлезе ништо.
Според доверливите информации на германскиот „Билд“, Влаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.Тој ќе се пресели во редовите на баварскиот гигант сосема бесплатно, откако неговиот договор со Јувентус истекува на 1 јули 2026 година.
Пред Јувентус, Влаховиќ настапуваше за Фиорентина и за Партизан.