Спорт
„Роналдо зборува глупости, нека дојде во Лига 1 дефанзивците ќе го изедат“

Кристијано Роналдо минатата недела ја понижи француската Лига 1, со изјавата дека првенството на Саудиска Арабија е поквалитетно од француското.
„Саудиската Премиер лига е подобра од Лига 1 во Франција. Франција го има само ПСЖ, другите клубови се далеку подолу. Обидете се да играте на 38, 39 или 40 степени и да играте во временски услови како во С. Арабија. И покрај тоа овде гледаме фантастични натпревари. Не мора да ми верувате, обидете се да дојдете и да играте таму“, рече Роналдо.
Изјавата на Роналдо воопшто не им се допадна на Французите и Португалецот се најде на мета на жестоки критики, а се чини дека најгласен во сето тоа беше Адил Рами.
Поранешниот дефанзивец на Милан реши да му одговори на Роналдо.
„Зборува глупости. Сакате да ви покажам фотографија од дефанзивци кои играат во Саудиска Арабија? Иако Роналдо имаше неверојатна кариера, тоа не значи дека се што кажува е вистина. Тоа е чист ПР кој очигледно мора да го направи“, вели Рами и додава:
„Во Франција имаме неверојатни дефанзивци кои се машини, доведете го во Лига 1 и тие ќе го изедат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.