Македонија
Наутро студено, преку денот сончево и тивко со мала локална облачност
Времето денеска, наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрото студено со магла, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
Утрото студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје утрото во делови од котлината со појава на магла и студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, освен во вторник кога во вечерните часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Од петок попладне, под влијание на циклонска активност, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола
Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата е сега под контрола и сообраќајот се одвива нормално. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека ваквите состојби се обично присутни во периодите со зголемен број на туристи, кога и самата регулација на сообраќајот може да биде отежната.
„Вообичаено, во зимскиот период сообраќајот се регулира преку кружен тек околу езерото, но некои возачи не ја испочитуваа препораката и заглавиле при разминување“, изјави Реџепи.
Во меѓувреме, полициски службеници ги регулираат движењата од Бунец кон Леуново, пропуштајќи ги возилата наизменично. Состојбата беше објавена и на социјалните мрежи, каде што туристи и возачи изразија загриженост поради долгиот застој, кој траел и неколку часа.
СВР Тетово побара од ЈП Македонија Пат да испрати специјализирани возила за да го исчистат снегот и да го обезбедат подобар проток на возилата. Според најавите, се очекува до 21:30 часот ситуацијата да се подобри и сообраќајот да се одвива непречено.