Спорт
(Видео) Дуото НН го заврши настапот на турнирот во Бризбејн

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос го завршијасвојот настап во игра на двојки на турнирот во Бризбејн. Во спектакуларен меч дуото НН загуби од Мајкл Венус (Нов Зеланд) и Никола Мектиќ (Хрватска) со 2:6, 6:3, 8:10.
Првиот сет го обележа доминантна игра на Хрватот и Новозеланѓанецот, кои ги искористија грешките на ривалите. По изедначениот старт Мектиќ и Венус го брејкнаа сервисот на Кирјиос и го добија сетот со 6:2.
Во вториот сет Ѓоковиќ и Кирјиос го подигнаа нивото на игра и направија пресврт. Брејк на сервис на Венус им донесе водство, а со сигурни сервиси го добија сетот со резултат 6:3
Решавачкиот супертај брејк донесе драма. Ѓоковиќ и Кирјиос водеа со 7:4 и 8:6, но Мектиќ и Венус направија пресврт и го добија мечот.
Мектиќ и Венус одиграа сериозно и сконцентрирано, а Ѓоковиќ и Кирјиос приредија вистинско шоу, дури и танцуваа, со што ја подигнаа атмосферата во публиката.
January 1st and we already have a point of the year contender 🤯@DjokerNole | @NickKyrgios | @NMektic | @BrisbaneTennis | #BrisbaneTennis pic.twitter.com/yhfhb9XeL4
— ATP Tour (@atptour) January 1, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.