Забава
(Видео) Граѓаните на Белград му се налутија на Харис Џиновиќ, се шират снимки од неговиот концерт без публика
Секоја година за дочек на Нова година белградските плоштади се преполни со луѓе, но овојпат тоа не беше случај, според медиумите во регионот.
Таму синоќа настапија Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, но публика речиси и да немаше, според написите.
Na Trgu Republike peva Haris Džinović, publike jako malo.
Nije se obrukao Beograd. pic.twitter.com/XHweyPx7oI— Biljana Stepanovic (@BiljkaSt) December 31, 2024
Социјалните мрежи беа преполни со снимки од белградските плоштади. „Има повеќе мобилни тоалети отколку публика“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Харис беше напуштен од неговата сопруга и напуштен од публиката. Се со причина“.
Инаку, на полноќ студентите застанаа и 15 минути молчеа во чест на жртвите во Нови Сад под настрешницата, но Харис продолжи да пее.
Tišina. Samo Haris iz daljine leleče pic.twitter.com/UCKcmX1Jyc
— Janko Baljak (@JankoBaljak) December 31, 2024
Еден корисник на социјалната мрежа Х потоа напиша: „Реално, Харис можеше да престане да пее на тие 15 минути. Ништо на тој мизерен, слабо посетен, пијан концерт немаше да се смени во тие 15 минути“, стои напишано на Х.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Лопез сподели фотографија во црно бикини, во комбинација со каубојска капа
Пејачката и актерка Џенифер Лопез ги воодушеви фановите на Инстаграм позирајќи во црни бикини со златни детали.
Пејачката беше на одмор во Аспен, Колорадо, а храбриот стајлинг го заокружи со крзнени чизми и црна каубојска шапка, пренесува Дејли Мејл.
Таа уживаше во своето време во Колорадо со нејзината мајка Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерката, музичките продуценти и стилисти. „Ќе се вратиме во Аспен“, напиша таа на Инстаграм.
Покрај гореспоменатото друштво, Лопез помина време и со близнаците Макс и Ема, кои ги доби со поранешниот сопруг, пејачот Марк Ентони.
Забава
Софија Вергара ја дочека Новата година во Париз
Софија Вергара го помина дочекот на Новата 2025 година во Париз, придружувана од нејзиниот син Маноло. Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои се гледа атмосферата на прославата.
Вергара за оваа посебна пригода избра елегантен долг црн фустан со нагласено деколте, додека Маноло, се одлучи за класичен стил и облече црн костум.
„Среќна Нова Година од Париз со мојот единствен“, напиша актерката под една од објавите.
Обожавателите ја опсипаа со честитки и комплименти.
Вергара подоцна сподели групна фотографија од друштвото кое слави со неа. „Минатата ноќ беше многу забавна“, додаде таа во описот.
Забава
(Видео) Куќата од серијата „Брејкинг бед“ се продава за 4 милиони долари
За четири милиони долари се продава куќа од серијата „Брејкинг бед“. Станува збор за куќата, која во серијата е дом на Волтер Вајт, кој го толкуваше Брајан Кренстон.
Куќата се наоѓа во Албакерки, Ново Мексико, а изградена е во 1910 година. Се состои од четири спални соби и една бања. Има гаража и базен.
Иако се продава за дури четири милиони долари, агенцијата за недвижности Zillow смета дека реалната пазарна вредност на куќата во предградието е значително помала, проценувајќи ја на 343.100 долари.
Поради својата популарност, куќата не само што достигна висока цена, туку е и мамка за обожавателите. Откако серијата заврши со снимањето на својата последна сезона во 2013 година, фановите сè уште се собираат и се фотографираат пред куќата.
Сегашната сопственичка, изјавила дека нејзините родители ја купиле куќата во 70-тите години. Кога тие се согласија нивната куќа да биде дел од серијата, а популарноста на „Брејкинг бед“ се зголеми, им беше се потешко да го заштитат својот дом. Ставиле метална ограда и безбедносни камери за да бидат што побезбедни.
Бидејќи нејзините родители веќе ги нема, таа решила да ја продаде куќата. „Ова е нашиот семеен дом од 1973 година. Си одиме од неа со спомени. Време е да продолжиме понатаму. Нема причина повеќе за кавга“, рече таа.