Спорт
Чофениг победи во Гармиш, Хајбек постави нов рекод на скокалницата
Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп.
Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. Второто место со 290,3 поени го освои Швајцарецот Дешванден, додека на најниското скалило на подиумот се искачи уште еден Австриец, Михаел Хајбок. Словенецот Анже Ланиншек го освои четвртото место.
По натпреварите во Оберстдорф и Гармиш, првото место во поредокот на турнејата го презеде Чофениг (622,5), пред Јан Херл (614,6) и Штефан Крафт (613,8).
Чофенинг го презеде водството и во поредокот на Светскиот куп со 796 бодови, два повеќе од Германецот Пиус Пашке, додека на третото место е Австриецот Јан Херл со 756 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.