Спорт
(Видео) Арсенал со пресврт победи кај Брентфорд

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Брентфорд со 3:1 на гостински терен во натпревар од 19.коло во Премиер лигата. Арсенал со вој триумф се искачи на второто место на табелата.
Брентфорд поведе во 13. минута преку Брајан Ембуеумо, потоа домашните имаа одлична шанса за 2:0, кога голманот на Арсенал, Раја, некако успеа да го одбрани својот гол. Веднаш потоа Габриел Жесус израмни пред полувремето.
Гостите го зголемија темпото во вториот дел, Микел Мерино го комплетираше пресврто во 50.минута, а Мартинели стави тошка на натпреварот три минути подцна.
Арсенал со натпревар повеќе заостанува шест бода зад Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ загуби уште две ѕвезди за дуелот со Барселона во ЛШ

Пари Сен Жермен загуби два клучни играчи поради пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Л’Екип“. Станува збор за Португалецот Витиња и за грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија.
Според изворот, доколку медицинските прегледи потврдат повреди кај двајцата фудбалери, тие нема да можат да настапат против Барселона на 1 октомври (среда). Веројатноста за ова се смета за многу висока.
Во моментов, ПСЖ има четворица играчи повредени, Осман Дембеле, Дезире Дуе, Маркињос и Жоао Невеш. Сите тие сигурно ќе го пропуштат дуелот против каталонскиот тим.
Витиња и Кварацкелија ги заработија повредите во победата од 2-0 над Оксер во шестото коло на Лига 1. Португалецот го напушти теренот во 36. минута, додека Грузиецот беше заменет на полувремето.
Спорт
Гласнер: Убаво е кога ќе го победите шампионот Ливерпул

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим, особено во првото полувреме на натпреварот против Ливерпул, и дека е одлично да се победи актуелниот шампион на Премиер-лигата.
Фудбалерите на Кристал Палас славеа на свој терен во Лондон против Ливерпул со 2-1 и останаа единствениот непоразен тим, со три победи и три ремија.
„Мислам дека првото полувреме беше најдоброто полувреме од моето доаѓање. Кога играте против шампион, секогаш знаете дека тие можат да постигнат гол на крајот, но ние останавме цврсти. Во второто полувреме имаше голем притисок, а имавме среќа во една или две ситуации. По примениот гол останавме со високо крената глава и ја променивме ситуацијата. Поради тоа навистина сум горд на групата. Ова беше вистинска тимска работа“, рече Гласнер за „Скај“.
Екипата има низа од 18 натпревари без пораз, со осум победи и десет ремија, изедначувајќи го клупскиот рекорд поставен од февруари до август 1969 година.
„Заслуживме победа. Говориме за нашиот карактер, секогаш се бориме за победа. Сите кои се блиски до клубот се наградени. Играчите покажаа многу самодоверба. Имавме многу движења, квалитетни додавања, продорите во шеснаесетникот беа решителни. Ќе го анализираме натпреварот и ќе ја искористиме целата позитивна енергија. Мора да се ужива во вакви моменти, инаку се поставува прашањето зошто го правите ова“, додаде Гласнер.
Спорт
Пипен: Јокиќ никогаш немаше да доминира во НБА во 90-тите

Освојувачот на шест НБА титули со Чикаго Булс и најдобар соиграч на Мајкл Џордан, зборуваше за Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на денешницата, кој го носи дресот на Денвер Нагетс.
„Во текот на 80-тите и 90-тите години се играше пресинг по целиот терен. Дали би можел Јокиќ да игра против таков притисок? Не знам. Тој има одличен преглед на играта и ги дели топките на соиграчите. Но, не сум сигурен дека лесно би дошол во позиција да ги истакне најдобрите елементи во својата игра. Сигурно не би бил толку доминантен како сега“, рече Пипен.
Многу се промени критериумот на судење во изминативе 20 години.
„Сега кошарката е многу поофанзивна отколку тогаш. Променети се правилата за да се заштитат подобрите шутери. Сега повеќе ги нема класичните центри. И тие се одлични шутери за три поени. Многу помалку се игра позиционо, повеќе се инсистира на индивидуалниот квалитет.“
Секогаш е интересен односот на Скоти со Мајкл Џордан.
„Никогаш не сум бил близок со Џордан“, кратко рече Пипен.
На прашањето да ја состави најдобрата петорка во историјата, прочуениот број „33“ на Булс ги издвои следниве имиња:
„Меџик, Џордан, Пипен, Мелоун, Расел“.