Спорт
Маледон има договор со Реал Мадрид

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Тео Маледон, ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.
Францускиот плејмејкер постигнал договор со „кралскиот“ клуб, ексклузивно пренесува „Енцестандо“ и од следната сезона ќе стане играч на Реал.
Маледон е најдобриот играч на Асвел со просек од 18,8 поени, 4,2 скока и 4,8 асистенции, со одличен индекс на корисност од 23,5 во Евролигата.
Французинот „експлодира“ во декември кога беше прогласен за МВП на месецот во елитното европско натпреварување. Има само 23 години и нема сомнеж дека ќе биде еден од клучните играчи на Реал во наредните години.
Маледон ја започна својата професионална кариера во Асвел во 2017 година. Замина во НБА три години подоцна. Играше за Оклахома, Шарлот и Феникс, а летово се врати во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.