Црна хроника
Повредени две жени, возило удри во метална ограда на патот Градско – Неготино
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Македонска Каменица: возел автомобил со туѓи регистарски таблички
Вчера во 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода 43-годишниот М.Ј. од Македонска Каменица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
При контрола на возилото „пежо 106“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички не се од возилото, туку дека припаѓаат на друго возило и дека возилото го нема во евиденцијата на МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник со тешки повреди донесен во Поликлиниката Драчево: го нападнало куче
Вчера во 10.07 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од село Студеничани, скопско.
Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во автосервис во Сарај, опожарени четири патнички возила
Вчера во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на 31-годишниот А.С. од село Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на 51-годишниот С.А. од село Сарај и бил користен како автосервис.
Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.