Забава
(Видео) Меган Маркл ја откри причината за враќањето на „Инстаграм“: „Се надевам дека ќе ви се допадне“
Меган Маркл ја почна 2025 година со нов профил на „Инстаграм“, а сега е откриена причината за нејзиното враќање на социјалните мрежи.
По неколкумесечни шпекулации, поранешната актерка и сопруга на принцот Хари ќе почне со сопствено шоу за готвење „Со љубов, Меган“, кое ќе биде достапно на „Нетфликс“ од 15 јануари. Овој проект е дел од нејзината стратегија да се врати во центарот на вниманието откога ретко се појавуваше во јавноста во текот на 2024 година.
Шоуто за готвење ќе биде поврзано со нејзиниот бренд American Riviera Orchard. Според достапните информации, брендот допрва треба да биде лансиран, а се шпекулира дека би можел да биде насочен кон промоција на храна, готвење или производи за начин на живеење со акцент на здравјето, одржливоста и луксузот.
View this post on Instagram
Заедно со нивните пријатели во промотивното видео се појави и Хари.
„Бев многу возбудена што ќе го споделам ова со вас! Се надевам дека ќе ви се допадне емисијата во иста мера колку што јас сакав да ја снимам. Ви посакувам на сите фантастична нова година! Благодарност до нашата неверојатна екипа и тимот на ‘Нетфликс’. Ние сме неизмерно благодарни за вашата поддршка“, напиша Меган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најголемите манипулатори помеѓу хороскопските знаци
Хороскопски знаци кои се повеќе склони кон манипулирање и искористување на другите за свои амбиции.
Шкорпија
Познати по својата страсна и интензивна природа, Шкорпиите се вистински мајстори за манипулација. Нивната способност да ги „читаат“ луѓето и да ги откријат нивните слабости им овозможува лесно да влијаат на нивните одлуки. Шкорпиите често користат емотивни игри за да ги постигнат своите цели.
Близнаци
Близнаците се познати по нивната приспособливост и комуникациски вештини, но тие можат да ги користат и овие особини за манипулација. Можеби се претставуваат како ваши најдобри пријатели, но во реалноста тие се само за своја корист. Нивната двојност им овозможува да се вклопат во различни ситуации без никакви проблеми.
Јарец
Иако можеби на почетокот не изгледаат манипулативно, Јарците имаат стратешки ум и се фокусирани на своите цели. Нивната ладнокрвна природа им овозможува да го планираат секој потег, а луѓето често ги користат како алатки за да ги постигнат своите амбиции. Јарците ретко ги откриваат своите вистински намери, што ја прави манипулацијата уште пософистицирана.
Риба
Рибите се навидум нежни и сочувствителни, но нивната емоционална длабочина може да стане алатка за манипулација. Тие знаат како да се прикажат како жртви за да добијат поддршка или сочувство од другите. Нивната склоност да ги преувеличуваат ситуациите често е нивен начин да го добијат она што го сакаат.
Лав:
Лавовите се родени лидери кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, а манипулацијата често служи како средство за одржување на контролата. Нивниот шарм и самодоверба им овозможуваат да ги придобијат луѓето и потоа да ги користат за свои интереси.
Забава
Хју Грант за улогата во комедијата „Девет месеци“: И’ забранив на жена ми да го гледа овој филм
Хју Грант е горд на многуте филмови во кои глумел, но романтичната комедија „Девет месеци“ не е еден од нив.
Според „Пипл“, Грант во интервју за „Варајати“ изјавил дека бил толку разочаран од улогата во филмот „Девет месеци“ што не и дозволил на сопругата да го гледа филмот.
Во „Девет месец“, Грант ја играше улогата на психолог кој е во врска со наставничка по балет која ја игра Џулијан Мур. Нивната врска наидува на проблеми кога учителката дознава дека е бремена.
Заедно со Грант и Мур, во филмот играат и Робин Вилијамс, Том Арнолд, Џоан Кјузак и Џеф Голдблум. Филмот го режираше Крис Колумбус. Иако ги подели критичарите, „Девет месеци“ заработи повеќе од сто милиони долари.
„Сите што работеа на тој филм, освен мене, беа брилијантни и талентирани. Јас го уништив“, изјави Грант.
Актерот потврдил дека неговата сопруга сакала да го гледа овој филм, но тој и забранил да го прави тоа.
„Поставив родителска контрола на телевизорот за таа да не може да го гледа овој филм“, рече Грант.
Тој објасни дека со текот на времето почнал повеќе да ги цени другите романтични комедии во кои глумел.
„Ги ценам добрите романтични комедии во кои глумев. Филмовите на Ричард Кертис се филмови за болката“, рече тој.
Режисерот Ричард Кертис е познат по неговите романтични комедии, а Грант имаше улоги во неговите филмови „Love Actually“, „Four Weddings and a Funeral“, „Nothing Hill“ и „Bridget Jones’s Diary“. Покрај овие филмови, Грант ги пофали и филмовите „Two Weeks Notice“ и „Music and Lyrics“ во режија на Марк Лоренс.
Минатата година Грант глумеше во хорор филмот „Херетик“, за кој доби номинација за Златен глобус, а многумина веруваат дека може да биде номиниран за Оскар.
Забава
Памела Андерсон откри со која славна личннност сакала да се омажи, на крајот останала разочарана
Памела Андерсон откри во кој славен маж била вљубена. Посака да се омажи за него.
Во интервју за магазинот W таа изјави дека била вљубена во Мајкл Џексон уште од детството.
„Мислев дека ќе сака да се ожени со мене. Потоа го запознав, а тој не ме праша да се омажам за него. Бев навистина разочарана“, рекла таа.
Кралот на поп музиката почина на 29 јуни 2009 година од срцев удар по предозирање.
Андерсон продолжи да зборува за нејзината кариера во интервјуто. Таа тврди дека била потценета и немала доволно можности да го покаже својот талент.
„Чувствувам дека ова е само почеток. Имам уште многу да понудам. Способна сум за многу повеќе отколку што некогаш верував дека можам“, рече таа.
Андерсон неодамна го привлече вниманието на 82. доделување на наградите Златен глобус. Таа на овој настан се појави со нејзиниот син Брендон Томас Ли.