Свет
Кинескиот амбасадор во Русија: Обединувањето на Кина со Тајван е поблиску од кога било
Обединувањето на Кина со Тајван е поблиску од кога било со оглед на силата на Пекинг да ја постигне оваа цел, изјави за „РИА новости“ кинескиот амбасадор во Русија, Џанг Ханхуи.
„Кина е поблиску од кога било досега во историјата до постигнување на големата преродба на кинеската нација, таа е полна со самодоверба и има сила да ја постигне оваа цел, како и уште поголема доверба и сила да постигне целосно обединување на земјата“, рече амбасадорот, пренесува медиумот.
Ханхуи нагласи дека Тајван повторно ќе ѝ се придружи на кинеската татковина опишувајќи го како историски настан што „никој и ништо не може да го запре“ нагласувајќи дека не треба да се потценува решителноста на Кина за националната одбрана, суверенитет и територијален интегритет.
Во новогодишниот говор во вторникот кинескиот претседател Шји Џјинпинг ја повтори својата визија за единство меѓу Тајван и континентална Кина опишувајќи ги двете страни како едно семејство и тврдејќи дека нивното обединување е историска неизбежност.
„Неуморно ќе ја следиме нашата политичка насока една земја, два система. Ќе ги одржуваме долгорочниот просперитет и стабилноста на Хонг Конг и Макао. Сонародниците од двете страни на теснината се едно семејство и никој не може да ги скрши нашите крвни и роднински врски, никој не може да го запре историскиот тренд на обединување на татковината“, рече тој во обраќањето до нацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица, над 130 повредени
Бројот на загинати во земјотресот што утринава го погоди Тибет се искачи на 95, додека бројот на повредени достигна 130, пренесе „Ројтерс“.
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.
Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други материјали на погодените, објавија кинеските државни медиуми.
Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.
Луѓето останаа без вода и струја.
Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен.
Тројца посетители кои биле на разгледување биле преместени на безбедно, објави кинеската државна телевизија.
(Видео) Луѓето панично бегаат, на улиците хаос – снимен моментот од силниот земјотрес на Тибет
Свет
(Видео) Луѓето панично бегаат, на улиците хаос – снимен моментот од силниот земјотрес на Тибет
Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како сообраќајот нормално се одвива, додека да удри земјотресот, чијашто јачина се проценува на 7,1 степен според Рихтеровата скала.
#Tibet Özerk Cumhuriyetinde 6.8 şiddetinde #deprem meydana geldiği bildirildi. pic.twitter.com/4smynMsK5i
— Muslim Port (@muslimportcom) January 7, 2025
Загинаа најмалку 53 лица, 60 се повредени, а во моментов во тек се спасувачки операции.
Регион
Специјалците го ликвидираа убиецот од кафеаната во Србија, пукал и кон нив при апсењето
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој синоќа уби едно лице, а друго тешко рани.
Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во специјалците.
Пукањето се случило вчера околу 18.00 часот во кафeaна, пришто едно лице е убиено, а друго е рането. Напаѓачот бил во бегство, но подоцна бил пронајден и совладан од полицијата.