Свет
Спречен терористички напад во Русија! Млади момчиња подготвувале масакр од огромни размери!
Уапсени се четворица државјани на Руската Федерација во Екатеринбург кои планирале да извршат терористички напад со употреба на експлозивна направа на места за масовен собир на граѓани во Екатеринбург, соопшти прес-службата на ФСБ РФ.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги делат идеите за терористичка организација забранета во Русија и кои планирале да извршат терористички напад користејќи импровизирана експлозивна направа на места за масовен собир на граѓаните на градот Екатеринбург“, се наведува во соопштението.
Russia’s FSB claimed on Saturday it arrested four citizens who are accused of planting bombs across the city of Yekaterinburg.https://t.co/nQCHu8Ulu8
— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) January 4, 2025
Прес-службата појасни дека двајцата уапсени учествувале и во палење на службениот автомобил на Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за регионот Свердловск.
Забележано е дека од нив биле земени компонентите на импровизирана експлозивна направа, како и комуникациска опрема со упатство за нејзина изработка.
⚡️🇷🇺’s FSB Busts Four Teenagers Plotting Terror Attacks Using IEDs in Crowded Areas of Yekaterinburg pic.twitter.com/0TPI0DxE4z
— RT_India (@RT_India_news) January 4, 2025
ФСБ додаде дека во рамките на кривичниот случај покренат од Истражната управа на Русија за регионот Свердловск според дел 1 од член 30, дел 2 од член 205 („Подготовка за терористички акт“), дел 3 од член 222.1 („Нелегално складирање на експлозиви или експлозивни направи“), дел 2 од член 223.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација („Нелегално производство на експлозиви или експлозивни направи“) собира докази за криминалните активности на уапсените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив: „Американски Залив звучи убаво“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба САД да ја вратат контролата врз Панамскиот канал и да го преземат Гренланд, најголемиот остров во светот, кој е под данска власт.
Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам во ниту едно од нив. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економската безбедност“.
Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.
„Зафаќа голема територија. Американски залив звучи убаво“, истакна тој.
Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, се одржа ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.
Свет
Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, во споредба со сегашната цел од два отсто.
„Секој може да си го дозволи тоа, но тие треба да бидат на 5 отсто, а не 2 отсто“, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
„Јас сум тој што ги натера да платат 2 отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за сопствената одбрана, туку се потпираат на американските даночни обврзници.
Свет
Волстрит журнал: Америка во преговори со Талибанците за размена на затвореници
Администрацијата на Бајден преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од висок профил во заливот Гвантанамо, наводно поврзан со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави Волстрит журнал.
Претставниците на Белата куќа и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањето за коментар за извештајот. Претставниците на авганистанските талибанци, исто така, не реагираа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара враќање на тројцата Американци уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ Глезман и Махмуд Хабиби – во замена за Мухамед Рахим ал Авгани, објави ВЖ.
Корбет и Хабиби беа приведени во одделни инциденти во август 2022 година, една година откако талибанците го зазедоа Кабул поради хаотичното повлекување на САД. Глезман беше уапсен подоцна во 2022 година додека бил на туристичка посета.
Преговорите се водат од јули, според весникот, кој цитира извори кои присуствувале на доверлив брифинг минатиот месец на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.