Спорт
(Видео) Сити врзаа две победи, Челзи заборавија како се победува

Фудбалерите на Манчестер сити остварија убедлива победа против Вест Хем, додека Челзи не успеа да го победи Кристал Палас, во 20. коло од Премиер лигата.
По серијата неуспеси, Манчестер сити успеа да врзе две победи во лигата. На „Етихад“, тимот на Гвардиола убедливо го победи Вест Хем со 4:1. Цоуфал со авто-гол го отвори натпреварот, потоа голгетерскиот пост го прекина Халанд, постигна два гола, а Фоден зголеми на 4:0. Филкруг само го ублежи поразот на „чеканите“.
Челзи уште еднаш не успеа да победи. На последните четири натпревари „сините“ од можните 12 освоија самодва бода. Санчо им донесе предност на „сините“ во 14.минута, а конечните 1:1 ги постави Матета во 82.
Резултати:
Астон Вила – Лестер 2:1 (0:0)
/Баркли 58, Бејли 76 — Мавидиди 63/
Бурнмут – Евертон 1:0 (0:0)
/Брукс 77/
Саутемптон – Брентфорд 0:5 (0:1)
/Шадоу 6, Ембеум 62, 69 п.p; Луис-Потер 92, Виса 94/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус и Аталанта и понатаму се непоразени, а ремизираа во Торино

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси.
Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ.
Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога Камалден Сулејмана реализираше од одлична акција.
Во вториот дел, Аталанта се закани преку Марио Пашалиќ, а во 79. минута Хуан Кабал постигна погодок за израмнување на 1-1.
Минута подоцна, Де Рон заработи црвен картон по втор жолт картон, давајќи предност на Јувентус, но домаќините не успеаја да ја искористат и мечот заврши со поделба на бодовите.
Спорт
Рекордерот Хари Кејн: Чест е да се постигнат 100 гола во дресот на Баерн, не размислувам за враќање во Англија

Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари.
Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг.
„За мене ова е лудост. Чест е да достигнам 100 голови за овој голем клуб. Ова е и заслуга на моите соиграчи и тренерскиот тим кои ми помагаат. Неверојатно е што успеав да го остварам толку брзо. Се надевам дека ќе постигнам уште 100 голови“, изјави Хари Кејн.
На прашањето за шпекулациите околу својата иднина, Кејн одговори:
„Не, во моментов не размислувам за враќање во Англија. Многу сум среќен тука. Имам уште две години од мојот договор. Уживам во секој момент. Враќање во Англија не е во моите планови. Уживам во времето со тимот и тренерот и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме успешни. Баерн е најдоброто место за освојување трофеи, апсолутно.“
Спорт
Монако поразен на гостувањето кај Лориен

Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините.
Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди доминацијата на својот тим.
Единствената утеха за Монако беше погодокот на Ансу Фати од пенал во последните моменти од натпреварот.